ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: СДСМ бара поддршка за Законот за минималната плата од 450 евра, ДПМНЕ да се преиспита

October 22, 2024 12:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата во Собранието. Со оваа мерка предвидуваме минималната плата да се зголеми на 27.700 денари, односно 450 евра. Ова не е само бројка, ова е чекор кон подобра иднина за секој работник, за секој кој се бори да обезбеди подобри услови за своето семејство, истакна на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска.

Нашите сограѓани, истакна Тренчевска, секојдневно се соочуваат со се поголеми економски предизвици. Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај.

„Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства. Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно.

Жалиме што Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги слуша потребите на народот.

Во време кога граѓаните се борат со високи цени и намалени приходи, Владата не презема ништо за да им помогне. Социјалната несигурност расте, платите опаѓаат, а потрошувачката кошничка веќе достигна огромни 61.306 денари. Ниту една од мерките на Владата за намалување на цените не даде резултати. Напротив, куповната моќ на граѓаните се намалува, и тие веќе не можат да си дозволат дури и основни прехранбени производи. Работниците, особено оние со најниски примања, се оставени на милост и немилост на пазарот.

Почитувани пратеници, погледнете околу нас во Србија, Црна Гора, Хрватска.

Во соседните земји, минималната плата расте. Во Србија ќе биде 457 евра, во Црна Гора 700 евра, во Хрватска веќе е 677 евра. Нашите работници заслужуваат подобро, тие не се помалку важни од оние во соседството. Нивниот труд и посветеност мора да бидат вреднувани, и тоа сега. Време е да се погрижиме и да им обезбедиме животен стандард кој ќе им овозможи да живеат достоинствено.

Работниците не треба да бидат жртва на политичките игри.

ВМРО-ДПМНЕ веќе бланко го одбива нашиот предлог, но ние велиме – ова не е време за партиски интереси. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспитаат својот став и да помислат на луѓето кои секојдневно се борат за подобар живот. Ова е првиот чекор кон покачување на сите плати и подобрување на стандардот на сите граѓани.

Ги повикуваме сите пратеници, без оглед на политичката припадност, да гласаат за подобар животен стандард. Сега е време да се издигнеме над партиските разлики и да направиме нешто вистински важно за граѓаните. Секој глас за овој закон е глас за подобар живот за илјадници работници и нивните семејства. Нема ништо поважно од тоа!

Да се обединиме во оваа борба и заедно да донесеме поголема минимална плата. За подобар живот, за достоинствен труд, за иднината на нашите деца“, истакна Тренчевска.

Tags: Законо за минималната платаЈована ТренчевскаСДСМТренчевска
Next Post

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk