ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Поради корона вирусот од вчера затворени стоматолошките ординации, ќе работат само во итни случаи

Приватните стоматолози побараа и Стоматолошката комора да го суспендира процесот на континуирано стручно усовршување за 2020 година како и тоа сите доктори стоматолози да добијат по 20 едукативни бодови. Ослободување од плаќање на членарина во комората, како и од ослободување од плаќање за обновување на лиценцата за работа.

March 18, 2020 10:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради корона вирусот од вчера се затворени стоматолошките ординации во Македонија, освен за итните случаи. Поради оваа ново настаната состојба од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи, каде членуваат над 200 ординации од цела држава бараат Владата под итно да оддели по 60.000 денари за установа со цел да им се помогне да можат да го пребродат овој период. Поради препораките на Владата разговорот со претседателот на Здружението го направивме преку интернет, пренесува Независен весник.

„ Бидејќи со овие случувања и вака кревкиот финансиски момент во некои приватни здравствени установи ќе биде преломен и ќе дојдат до работа на финансиски банкрот. Од самите тие губитоци ќе дојде до финансиски колапс на тие ординации и затоа бараме колку што е можно во рамките на можностите тие приватни здравствени стоматолошки установи да бидат потпомогнати со 60.000 денари“, истакна Жарко Ѓорѓиев, претседател на Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи на Македонија.

Поради можност од ескалација на корона вирусот стоматолозите исто така бараат државата под итно да формира специјални стоматолошки тимови во секоја општина, кои ќе бидат опремени со специјална опрема и ќе бидат обучени да им дадат стоматолошки услуги на пациенти кои би биле заболени од Ковид 19.

„Тие пациенти кои ќе имаат потреба од стоматолошки интервенции не може да ги оставиме на немилост. Ќе има пациенти под карантин, ќе има пациенти под надзор, а ќе има и пациенти кои ќе манифестираат слични симптоми и тие пациенти не може ние да ги оставиме со забоболка, со отоци, ние мораме да интервенираме, но за тоа е потребен кадар опремен со знаење, но и со специјална опрема“, додаде Ѓорѓиев.

Приватните стоматолози побараа и Стоматолошката комора да го суспендира процесот на континуирано стручно усовршување за 2020 година како и тоа сите доктори стоматолози да добијат по 20 едукативни бодови. Ослободување од плаќање на членарина во комората, како и од ослободување од плаќање за обновување на лиценцата за работа.

Извор: Независен весник
Next Post

Ноер: можно е да се откажеме од платите, фудбалерите размислуваат како најдобро да се справат со ситуацијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk