И ние и вашата држава имаме многу јасна цел која е на повидок, а тоа е да се отвори кластерот што е можно поскоро, изјави портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро одговарајќи на прашањето на НоваТв.мк, а во врска со одредени толкувања во повеќе медиуми за нејзината пораката “to be worked” што председателката Фон дер Лајен ја изрече одговарајќи на новинарско прашање на вчерашната прес конференцијата во Скопје по средбата со премиерот Мицкоски.
Знаеме дека се работи за уставните промени што вашата земја се обврза да ги спроведеи во таа насока и се надеваме дека сите политички сили во државата ќе се обединат за да го направат овој решавачки чекор напред, нагласи Писонеро.