ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дигиталното евро предизвикува несогласувања меѓу членките на ЕУ и ЕЦБ

October 29, 2024 11:44
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Новата монетарна алатка – дигиталното евро, за која постојат стравувања дека би можела да го дестабилизира европскиот банкарски систем доколку погрешно се менаџира, предизвикува несогласувања меѓу најмоќните земји членки на ЕУ и Европската централна банка (ЕЦБ) околу контролата врз овој инструмент.

Дигиталното евро, замислено како виртуелен пандан на евро монетите и банкнотите, веќе неколку години го развива ЕЦБ со идеја да претставува сеевропски пандан на американските „Виза“ и „Мастеркард“.

Но, како што идејата се приближува до реализација, се појавија првите несогласувања, откако неколку земји членки на ЕУ, меѓу кои и Франција и Германија, посочија дека ЕЦБ добива преголема контрола околу тоа колкава сума на дигитални валути ќе можат граѓаните да држат во „е-паричниците“ поддржани од Централната банка.

Иако навидум изгледа како техничко прашање, сепак постојат стравувања дека ако лимитот биде поставен премногу високо, граѓаните би можеле да повлечат огромни суми од банките во услови на криза, со што би ја загрозиле стабилноста на целиот банкарски систем. Од друга страна, се изразува и загриженост дека секое ограничување може да ја наруши личната финансиска слобода на граѓаните.

Дигиталното евро всушност само ја разгоре битката околу тоа каде завршуваат ингеренциите на Централната банка на ЕУ, а каде започнуваат надлежностите на земјите членки, која датира од пред 13 години кога ЕЦБ стана главен монетарен чувар на блокот.

Прашањето за рамнотежа меѓу политиката и централната банка има две лица. Од една страна, според владите на земјите членки, тоа е неопходно за да се спречат евентуални пречекорувања во надлежностите од страна на Банката, додека за ЕЦБ тоа е обид за политичко мешање во нејзините ингеренции.

Според експертите, спорот околу дигиталното евро е помалку техничко прашање, а повеќе „битката за моќ, бидејќи тоа не е само монетарна алатка, туку и поширок инструмент за финансиски услуги што може да го преобликува начинот на кој Европејците ги вршат секојдневните плаќања.

Дипломатски извори за бриселскиот портал „Политико“ посочуваат дека најмоќните земји членки на ЕУ се обидуваат да го искористат своето влијание во Брисел за да ја ограничат моќта на ЕЦБ во однос на дигиталното евро.

ЕЦБ инсистира дека како единствен орган во ЕУ на кој му е дозволено да ја приспособува понудата на пари, таа треба да одлучува колкаво количество дигитална валута ќе можат да држат граѓаните во своите е-паричници.

Но, десетина земји на ЕУ, меѓу кои и Германија, Франција и Холандија, не се согласуваат со ваквиот став, тврдејќи дека ексклузивната монетарна надлежност на ЕЦБ не треба да се користи како изговор за ограничување на моќта на одлучување на членките на Унијата.

Согласно Договорот на Европската Унија, ЕЦБ има големи правни привилегии за регулирање на паричната маса во блокот, но само во однос на банкарскиот надзор и плаќањата, додека Советот на ЕУ и Европскиот парламент имаат надлежност да ги „утврдат неопходните мерки за користење на еврото како единствена валута“, а притоа „да не ги нарушат овластувањата на Европската централна банка“.

Од друга страна постојат стравувања дека активирањето на дигиталното евро би можело предизвика шокови во глобалниот финансиски пазар, по примерот на случајот од 2019 година кога Фејсбук ја лансира својата криптовалута либра.

Сепак, ЕЦБ е решена да продолжи со проектот дигитално евро со цел да го намали влијанието на платежните услуги на американските компании, преку кои се извршуваат околу 70 отсто од плаќањата во ЕУ, со што, според неа, би се зајакнал европскиот монетарен суверенитет.

Next Post

Во ЕУ струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk