ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Власта на СДСМ и ДУИ незаконски, па и со дронови ја следела ВМРО-ДПМНЕ

October 31, 2024 12:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски ги следеле лично него и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со дронови, но им порача дека за сите тие оперативно технички состојби ќе има одговорност и затоа е стравот сега кај истите кои следеле и нарачувале, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„До поранешниот министер за внатрешни работи кој е тука, до него не допираше гласот, но затоа се дигаа дронови над мојата куќа, кога сум одел и на терен во Прилеп и тоа е се во белешките на службите кои треба да разузнаваат и контраразузнаваат. Го разузнавале претседателот на опозицијата со дронови оперативни и оперативно технички средства. Нормално е тоа?  И сега се уплашени и од свиркачи добиваат информации, за сето тоа што мора да има одговорност“, изјави премиерот одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека кога ќе дојде редот за одговорност, јавноста ќе дознае, но Владата нема да прави од тоа театар како што правеше претходната власт, од систем кој е од витално значење за државата.

„Сето тоа ќе биде презентирано на затворена седница и сето тоа да се декласифицира. Вие го следевте лидерот на опозицијата со дронови, сега пишуваат анонимни писма, колку сакаат нека пишуваат нема спас, не им бега одговорност“, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски што се однесува за сертификатот на директорот на АНБ Бојан Христовски, му порача на Филипче да си го смени тимот кој го брифира, затоа што не 5 години туку 9 има таков.

„Има институции кои тоа треба да го проверат, вие сте решиле да правите политика од тоа, легитимно е, мислите дека на тој начин ќе добиете нешто. Не мислам дека добивате, но ако мислите вие терајте, но не добивате. Ќе ви дадам сличен сертификат од личноста која седи до вас. Знаете колку има такви сертификати? Сакате за директорите кои ги назначи СДСМ да ги видите сертификатите? Немојте на тоа да правите политика, има институции во државава кои треба да водат сметка, овие сертификати ќе ги дадам на министерот за внатрешни работи“, изјави премиерот Мицкоски.

 

Tags: дроновиМицкоскиСДСМ
Next Post

ЕК Извештај: Северна Македонија е посветена на регионалната соработка, останува важно спроведувањето на договорите со Грција и Бугарија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk