На 3 ноември 2024 година, само два дена пред претседателските избори во САД во 2024 година, се појавија објавa на социјалнaта мрежa Х во која се тврди дека Мајкл Џордан, кој се смета за еден од најголемите кошаркари на сите времиња, го поддржал поранешниот претседател Доналд Трамп. Наводната вест брзо се рашири и беше прославена од поддржувачите на Трамп.
Сепак, гласините не беа точни – Џордан не објави поддршка ниту за Трамп, ниту за неговиот противник, демократската потпретседател Камала Харис.
Во изјавата објавена во два британски медиуми, Индипендент и Дејли Мејл, претставник на Џордан рече дека тврдењето е лажно: „Нема апсолутно никаква вистина во тврдењето дека Мајкл Џордан дал поддршка на претседателските избори“.
Џордан е надалеку познат по тоа што не ги држи изразува своите политички ставови. За време на изборите за Сенатот во САД во 1990 година, Џордан одби да го поддржи демократот од Северна Каролина Харви Гант во неговата кампања против републиканскиот сенатор Џеси Хелмс, славната велејќи: „И републиканците купуваат патики“.
Ј. Ѓ.