Врз основа на тековните проекции на Си-Ен-Ен, се помали се шансите потпретседателката Камала Харис до победи на претседателските избори.
Поранешниот претседател Доналд Трамп има 266 електорски гласови, а Харис има 188 електорски гласови, проектира Си-Ен-Ен. Тоа значи дека Трамп треба да освои само уште четири електорски гласови за да ја освои претседателската функција.
Си-Ен-Ен предвиде дека Трамп ќе освои неколку клучни колебливи држави – вклучувајќи ги Северна Каролина, Џорџија и уште поважно, Пенсилванија.
Во Пенсилванија се во прашање 19 изборни гласови. Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори во 2024 година.
Во 2020 година Џо Бајден, роден во Скрентон, Пенсилванија, победи со нешто повеќе од 80.000 гласови. Во 2016 година, Трамп стана првиот републиканец кој ја освоил Пенсилванија по Џорџ Х.В. Буш во 1988 година.
Пенсилванија е најважната држава на бојното поле на изборите во 2024 година.