Највисоките функционери на Европската унија покажаа мала загриженост поради распадот на германската коалициска влада и можноста за предвремени избори во најголемата земја-членка на блокот, јави ДПА.
– Во демократските земји, имаме избори, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, при пристигнувањето на состанокот на европските лидери во Будимпешта.
– Па, тоа е демократија, рече претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во Будимпешта, со многу сличен тон.
Таа сепак го повика Берлин да продолжи да соработува со другите големи земји од ЕУ и покрај политичките превирања дома.
– Без силна Германија, не можеме да имаме силна Европа, рече таа.
– Ова е политичка демократска дебата. Не се плашиме од демократските институции, напротив, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.