ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европската комисија ја казни „Мета“, треба да се платат 800 милиони евра

November 15, 2024 13:17
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Европската комисија одреди уште една голема парична казна за американската компанија „Мета“, којашто овојпат изнесува речиси 800 милиони евра.

Поточно, се работи за казна од 797,72 милиони евра, поради тоа што компанијата „практично на секој корисник на социјалната мрежа Фејсбук – сакал или не“, му ја наметнувала услугата „Фејсбук маркетплејс“. Според ЕК, ова значи наметнување нефер услови околу тргувањето за други даватели на услуги и доверливите информации.

Во суштина, рекламите што корисниците ги гледаат на Фејсбук се насочени и доаѓаат преку „Маркетплејс“, што ги изоставува сите можни конкуренти поради начинот на којшто таа платформа е поврзана со социјалната мрежа.

Истрагата на ЕК покажа дека „Мета“ е доминантна на пазарот за социјални мрежи, како и на националните пазари за прикажување реклами на интернет. Тоа и ја поттикна истрагата.

Висината на казната се одредува земајќи ги предвид „времетраењето и сериозноста на кршењето на правилата, како и сообраќајот на „Маркетплејс“ на којшто се однесува прекршувањето на прописите. Покрај казната, „Мета“ е задолжена „делотворно да го прекине спорното однесување и да се воздржи од повторување на прекршувањето на правилата“, како и од „преземање потези со слична цел или ефект“ во иднина.

„Мета“ не е задоволна од пресудата и веќе најави жалба на таа одлука.

„Целта е да се поттикнат подобри резултати за европските потрошувачи… Пазарот е создаден како одговор на барањата на потрошувачите. ЕК ја игнорира реалноста на пазарот ова ќе служи само за заштита на постоечките пазари од конкуренција. Реалноста е дека луѓето го користат ‘Фејсбук маркетплејс’ затоа што сакаат, а не затоа што мораат“, се вели, меѓу другото во соопштението на казнетата компанија.

Главниот и можеби најубедливиот аргумент на „Мета“, се чини, е тоа дека „корисниците на Фејсбук можат да изберат дали да се поврзат со ‘Маркетплејс’ или не“. Компанијата вели и оти не ги користи рекламните податоци на своите соперници за да се натпреварува против нив, бидејќи има системи и контроли за да го спречи тоа.

Next Post

ЕК предвидува економски раст во ЕУ од најмалку 1,5 отсто во следните две години

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

August 21, 2025
Фото: ТАВ Аеродроми

Кривична против скопјанец за „тероризам“, лажно пријавил подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

August 21, 2025
Фото: КФСМ

Илиевски по победата над Унгарија: Напредуваме, но ништо не може преку ноќ

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk