ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Стејт департмент: Политиката на САД за користење американско оружје од страна на Украина не е променета

November 19, 2024 10:27
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Од Стејт департментот синоќа изјавија дека политиката на САД во однос на користењето американско оружје од страна на Украина за напади во руска територија не е променета, и дека Вашингтон дозволува „адаптација и корекција“ на оваа политика доколку „тоа е соодветно“.

-Не поседувам никакви нови информации за оваа политика. Како што знаете, уште пред Русија да ја започне својата сеопфатна инвазија, САД формираа коалиција од над 50 земји за да ѝ помогнат на Украина и да ја повикаат Русија на одговорност за нејзините дејствија. Јасно ставивме до знаење дека ќе ги адаптираме и коригираме потенцијалите што ѝ ги обезбедуваме на Украина кога тоа е соодветно, и видовте дека тоа го потврдуваме со нашите дејствија во изминатите неколку години, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер на прашањето каква е политиката на САД во однос на употребата на американските ракетени системи АТАКМС од страна на Украина против цели на територијата на Русија.

Милер исто така ги истакна дејствијата на Москва кои можат да доведат до ескалација на конфликтот.

-Aко зборуваме за ескалација на овој конфликт, се гледа дека токму Русија постојано ескалира. Вклучувајќи ги неодамнешните дејствија со руската мобилизација на над 11 илјади севернокорејски војници, кои сега се на првата борбена линија во Курската област и учествуваат во борбите против украинската армија. Ова е сериозна ескалација од страна на Русија – да се вклучи војска од Азија во конфликт во Европа, изјави тој.

-Како што веќе истакна државниот секретар (Блинкен), нашиот одговор на ова ќе биде решителен, и реакцијата на сојузниците на Украина… треба да биде подеднакво решителна. Ние ќе продолжиме да преземаме мерки за да ја повикаме Русија на одговорност за нејзините дејствија, вклучувајќи ги и оние што го ескалираат конфликтот, како и Северна Кореја за нејзините ескалациски постапки, нагласи Милер.

Претставникот на Стејт департментот одби да ја потврди веродостојноста на информациите дека Франција и Велика Британија, во договор со САД, решиле да ѝ дозволат на Украина да користи далекусежно оружје за напади врз територијата на Русија, вклучувајќи ги ракетите Storm Shadow.

-Не сум подготвен да ги потврдам овие информации во име на САД, нема да зборувам во име на други земји, рече Милер.

Tags: американско оружјеСАДСтејт департментУкраина
Next Post

Од Либан кон Израел истрелани околу 40 проектили, четири лица се повредени

Shortcut

Најново

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk