ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

ИЈЗ: Во октомври евидентирани 195 заболени од грип, 56 случаи на Ковид-19, а најчести биле ентероколитите

November 19, 2024 15:48
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Минатиот месец во државава се евидентирани 195 заболени од грип, 56 нови случаи на Ковид-19, две деца со заушки, три лица позитивни на ХИВ и едно со СИДА. Во октомври, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се ентероколитите со вкупно 390 пријавени лица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

– Во текот на месец октомври, до Институтот за јавно здравје пристигна една пријава за алиментарна епидемија од Центарот за јавно здравје – Штип. На 8 октомври, ЦЈЗ – Штип пријави епидемија на алиментарна токсоинфекција. Епидемијата е пријавена со шест заболени лица, сите од исто семејство, кои консумирале подготвени слатки производи набавени од иста продавница. Епидемиолошката служба при ЦЈЗ – Штип, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, изврши санитарно-хигиенски и епидемиолошки увид во објектот, каде била продавана сомнителната храна, пишува во билтенот за движењето на заразните заболувања за октомври.

Земени биле материјали за микробиолошка анализа од: мостри храна – затекната на денот на увидот, брисеви од работни површини и брисеви од раце, нос и грло на вработените.

– Кај две од заболените лица е докажана salmonella enteritidis во фецес. Од страна на ЦЈЗ – Штип предложени се соодветни санитарно-хигиенски и против епидемиски мерки. Објектот беше затворен сé до добивање негативни резултати од земените материјали. Епидемијата е одјавена на 25 октомври, се додава во билтенот.

Во текот на октомври, регистрирани биле два случаја на заразни заушки. Првиот случај било дете на возраст од 12 години од Охрид, редовно вакцинирано согласно календар за имунизација, а дијагнозата била поставена клинички. Вториот случај било шестгодишно дете вакцинирано со една доза МРП вакцина, од Скопје, а дијагнозата била лабораториски потврдена.

– Во вкупниот број на пријавените случаи на вакцино-превентабилни болести, 78,6 отсто се случаи на голема кашлица, како резултат на тековната епидемија на територијата на град Скопје, Куманово и Тетово. Во текот на месец октомври, регистрирани се случаи на територија на пет ЦЈЗ/ПЕ низ државата, појаснуваат од ИЈЗ.

Пријавени биле вкупно 56 случаи на Ковид-19, а кај групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, пријавени биле вкупно 195 заболени лица.

Регистрирани биле три случаи потврдени на ХИВ и еден на СИДА – лица на возраст од 45 до 49 години.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции, без ХИВ/СИДА, биле регистрирани 11 заболени лица – пријавени седум случаи на вирусен хепатитис Б, три на сифилис и една инфекција со хламидија.

Next Post

Романија и Бугарија треба да бидат полноправни членки на Шенген од 1 јануари 2025 година

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk