Институтот за јавно здравје како единствена референтна лабораторија во државата со сите расположливи капацитети успешно се справува со состојбата. Во таа насока се координирани сите потенцијали за спречување на ширење на корона вирусот.
Во референтините лаборатории досега се направени 258 тестови за детектирање на Ковид-19. И бројките на позитивните и секако негативните случаи, се трансферираат во Владата на РСМ, изјави на денешната прес-конференција директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети.
Тој порача дека имаат реагенси и дека ќе има и во иднина, истакнувајќи дека нема потреба од загриженост кај граѓаните во однос на тоа.
– Епидемиолошките служби направија едукативни предавања во сите Центри за јавно здравје и во болниците низ државата за се што е потребно да знаат здравствените работници. Исто така, беа изготвени упатства за постапка како да се постапи со заразени лица и лица сомнителни на корона вирусот. Епидемиолозите на ИЈЗ се достапни 24 часа на телефонските линии што се објавени и достапни до сите граѓани, нагласи Мемети.
Тој наведе дека на интернет страницата iph.mk на ИЈЗ ги има сите потребни информации за граѓаните за тоа како треба да се превенираат од Ковид-19, како и податоци за бројката на заразени во РСМ, регионот и светот.
Едукативниот материјал со информациите од интернет страницата се дистрибуирани до Клиничкиот центар, здравствените домови и центрите за јавно здравје. ИЈЗ, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Министертвото за здравство активно соработуваа во изготвување на алгоритми и документи поврзани со работа на институциите за давање насоки поврзани со дистрибуција на готови хартии од вредност (фактури, платени сметки…). Изготвен е документ за постапки со цел дистрибуција на хранливи артикли и други материјални добра до оние кои се ставени во изолација и постојан епидемиолошки надзор. Изготвен е документ за постапки во производство, погони и фабрики. Документ каде работат наши лица за постапки при работниот процес поврзани со дистанцирање меѓу вработените, носење на заштитна опрема и постапка при евентулани позитивни случаеви, изјави директорот на ИЈЗ
Тој информираше дека се изготвува дата база, односно софтверсто решение со посебна датотека на сите позитивни случаи во државата, со сите географски, демографски, лабораториски контакти меѓу позитивни лица и место на нивниот третман со кои ќе се направи увид во моменталната состојба.