ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Специјално издание на „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ – радио елегија за првата македонска поетеса Даница Ручигај

November 21, 2024 08:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Свето Стаменов

Фото: Свето Стаменов

Деновиве беше објавено специјалното издание на двојното аудио ЦД „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ (радио-елегија за првата македонска поетеса Даница Ручигај) на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов, поранешни новинари на Македонското радио – Радио Скопје и публицисти. Ова специјално издание кое, всушност, е реиздание на претходното објавено во 2018 година, е посветено на 90-годишнината од раѓањето на првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во современата македонска поезија и литература воопшто Даница Ручигај (1934-1963) и на годишнината од ненадејната смрт на Искра Чоловиќ (1960-2023), доајен на македонското радио-спикерство, новинар и публицист.

Радио-елегијата „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“, која е дел од мега аудио-книжевниот проект „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов, кој беше емитуван во пет едночасовни емисии на програмата на Македонското радио – Радио Скопје во текот на јули и август 2013 година по повод 50-годишнината од трагичната смрт на Даница Ручигај во скопскиот катастрофален земјотрес на 26 јули 1963 година, има три структурални делови: авторски текст – коментар кон животот на поетесата и нејзиното време на човечко и творечко опстојување, избрани стихови од двете нејзини антологиски стихозбирки „Сребрени ноќни игри“ и „Заробеници на ветрот“ и автентични искажувања на петнаесетина нејзини современици, пријатели и следбеници: м-р Златица Поповиќ Ручигај, Евгенија Шуплинова, Иван Чаповски, Михо Атанасовски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Коле Чашуле, Светлана Христова Јоциќ, Звонко Стојановиќ, Људмил Спасов, Кристина Николовска, Васил Тоциновски, Александар Прокопиев и Ирена Павлова де Одорико. Како таква оваа радио-елегија е есенција за најважното, најскапоценото и најсетното од животописот, но и поетопис за најпоетесата меѓу македонските поетеси, раскошната и незаборавна Даница Ручигај, која остави длабоки и неизбришливи траги не само во современата македонска поезија, туку и во македонската култура воопшто.

Уредници на ова специјално аудио издание на „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ се проф. д-р Милан Јазбец и м-р Надица Караколева, а аудио-дизајнот е на Бесим Кека, доајен на македонското радио-снимање.

Tags: „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“Даница Ручигајрадио елегија
Next Post
О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

Германскиот Бундестаг му донира на македонското Собрание безбедносни скенери

НАЈНОВО

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

Пукање во училиште во Минеаполис, тројца загинати, дваесет повредени

August 28, 2025

Скопје, Тетово и Куманово први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk