ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пред пратениците законот за минимална плата од 27.700 денари и законот за укинување на ДДВ за основните производи, поднесени од СДСМ

November 21, 2024 08:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи новата 19.седница.

Пред пратениците како точка од дневниот ред на оваа седница е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, поднесен по скратена постапка од пратениците на СДСМ. Со законското решение се очекува висината на минималната плата во Република Северна Македонија да изнесува 27.700 денари во нето износ. Како што се посочува во законското решение објавено на собраниската веб страна, примената се очекува да започне да се применува со исплатата на плата за месец ноември 2024 година која ќе се исплати во месец декември 2024 година. Спроведувањето на овој закон ќе предизвика финансиски импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија во висина од 93.000.000 денари.

На дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратениците на СДСМ по скратена постапка. Со Предлог-законот се зголемува стандардот на граѓаните, им се овозможува поголема потрошувачка кошничка на најранливата категорија на граѓани. Со законските измени се очекува основните производи за човечка исхрана да се ослободуваат од повластена даночна постапка од 5 проценти. – Со членот 2 се воведува нов член 30-г со кој се уредува дека основните производи за човечка исхрана се ослободуваат од плаќање на данок на додадена вредност врз прометот и увозот и дека Владата ги определува поблиските добра и услуги кои спаѓаат во оваа категорија.

Во прво читање на ова седница се – Предлог на законоѕ за изменување и дополнување на Законот за акцизите, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за културата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности. Во второ читање – Предлог на законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Предлог на законот за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за рамномерен регионален развој, по скратена постапка.

Исто така, пред пратениците се и Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво за 2023 година и Финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2025 година.

Tags: ддвминимална плата
Next Post

Зеленски: Крим мора да и се врати на Украина по дипломатски пат

Shortcut

Најново

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk