РИБАРО
Автобуси за скопјани ќе има, ама кога јас ќе сакам, коментирал премиерот на Нашата земја Христијан Мицкоски пред своите блиски соработници, дознава АХА.
– Кој им е виновен дека си ја гласаа Данела за градоначалник, каде им беше паметот? Била најдобра менаџерка во југоисточна Европа, па незнам конзул од Унгарија и триста ли не титули налепи предизборно. Па ја шетаа како кралица. Па она, со зурли и тапани се славеше победата на менаџерката на градот. Се врза цело Скопје да го урне арогантниот Шилегов. И сега што бараат, тоа си добија. Нека патат и за ум да им е следен пат, да знаат на кого да веруваат, рекол Мицкоски, дознава АХА.
– Ама шефе, нели наш избор беше Данела? Ние бевме тие што ја шетавме и промовиравме. Не знам сега каде згрешивме во калкулациите, ама народот ради нас ја гласаше Данела, инаку ќе имаше цркавица гласови. Не би одел сега со таа теза – револтирани се граѓаните, а и не се до толку со плитко паметење. Доаѓаат локални избори ќе ни вратат мило за драго, се охрабрил да му реплицира еден од вмровците близок со Мицкоски.
– Хахаха… ќе ни врателе мило за драго?! А бе има да ги навиеме до тогаш и оро ќе играат. Башка пак со зурли и тапани ќе не слават пред белата палата после локалните. Што те гледам, чуден, вратил Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK