ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Тирана протестен марш по убиството на 14-годишнниот ученик, побарано оставка од министерката за образование

November 21, 2024 15:10
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Во Тирана денеска се одржа двочасовен мирен протестен марш за убиството на 14-годишното момче, кое го шокираше целото албанско општество.

Ученици, родители и други граѓани носеа транспаренти, а на еден од нив пишување „неодговорните институции убиваат“. На крајот од протестниот марш на ѕидовите на Министерството за образование оставија отпечатоци од рацете со црвена боја што ја симболизира крвта.

-Главната порака на родителите и учесниците на протестот беше барањето за оставка на министерката за образование Огерта Манастрилиу, која ја сметаат за одговорна за трагичниот настан и за состојбите во образованието. И дадоа рок до викендот да поднесе оставка, во спротивно следната недела предупредија на нов протест, објави А2 Си-Ен-Ен (A2CCN).

Дел од родителите во изјави за медиумите обвинија дека надлежните немаат никаков план-мерки и по трагичниот настан, дека има недостиг на психолози во училиштата и оти се многу загрижени, зашто сметаат дека нивните деца се небезбедни.

-Многу сме вознемирени, погодени од оваа трагедија. И јас сум мајка. Тоа е многу голема болка. Сочувство до семејството. Мора да се преземе акција. Јас сум без зборови, шокирана, не можам да заспијам. Помислувам на најлошо, зашто сметам дека детето не ми е безбедно, изјави таа за А2 Си-Ен-Ен.

Според телевизијата ова е прв протест во земјата, на кој учесниците, не бараат повеќе квалитет на образованието, туку поголема безбедност за децата.

Трагичниот настан се случи во понеделникот попладне, во близина на деветолетката „Фан Ноли“ во Тирана, кога 14-годишниот Мартин Цани, млад надежен фудбалер, со шест убоди од нож, од нив еден во пределот на срцето, беше усмртен од негов врсник, а негов другар е повреден во пределот на градите и стомакот, и сè уште е на болничко лекување.

По овој настан премиерот Еди Рама, по вчерашната седница на владата, најави дека се размислува за целосна забрана на Тик Ток или Снепчет.

Tags: маршТиранаубиство
Next Post

Преку „Wine vision by Open Balkan“ ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk