ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Вози нè Мицко!

November 26, 2024 11:57
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Со кого и што мака имаат скопјани?
Ретроспектива:

Прво Мицкоски ја провози Данела до градоначалничката фотелја на Скопје. Такви хвалоспеви во промоцијата за поддршката на нејзината кандидатура јас не бев дотогаш видел и чул.

Па откако се паркираа Данела со Трајко Славески во Град Скопје, викнаа да ги исполнат предизборните ветувања.

Го закочија проектот БРТ – брз автобуски превоз во Скопје, кој беше со целосна финансиска конструкција покриен од Европската банка за обнова и развој. Фрлија обезбедени 70 милиони евра како ништо да не било.

По некое време Мицкоски и Данела ја расипаа калимерата. Данела рече дека причина за тоа се што му ги фатила директорчињата на Мицкоски „со рачињата во медот“, јас би рекол им се помешаа брзините (бизнисите).

Потоа Мицкоски рече – не ја бива Данела, дајте друго дете.

И почна.

Преку советниците во Скопје почна да кочи сè – почна од набавката за нови автобуси за да покаже како негова Данела е неспособна, па комунална хигиена, водовод, прочистителна станица… нејмит.

За тоа време скопјани се малтретираа во дотраени автобуси, со гужви еден на еден, кои каснат и со часови. Со натрупан смет кој не се знае кој треба да го подигне. Уствари се знае, ама си префрлаа одговорност еден на друг Данела и мицковите градоначалници.

И така се јачаат Мицко и Данела две-три години на грбот на мирните скопски граѓани.

Во меѓувреме, скопјани како носител во Изборна единица 1, со ги изгласаа Мицко за Премиер.

Оттогаш уште појако почна Мицкоски со пресметките со Данела и ујдурмите во Град Скопје, а сè тоа на грбот на скопјани.

Последно, како капак, Бирото за јавни набавки, (чудете се по чија наредба) ја закочи нафтата за скопските автобуси.

Се парализира градскиот превоз во градот.

Имаше протест на граѓаните на Скопје. Поточно скопјани најверојатно и не се толку вознемирени, освен што се жалат на Фејсбук, на работа и дома. Не ги видов многу да излезат на организираниот протест. Само граѓаните од Шуто Оризари кои протестираа заедно со студенти и средношколци од здруженија јасно искажаа револт.

Мицкоски, пак, сега излегува триумфално и даде нафта од државните резерви, за скопјани да се подават уште малку во мизерниот градски превоз.

Сега вели ќе набавела владата 120 електрични автобуси, а ќе се подумал да види колку од нив ќе биле за Скопје. Сигурно тоа ќе зависи од тоа дали скопјани ќе гласаат на локалните по негов ќеф или не?

Шест автобуси еве денеска како донација од ЕУ веќе пристигнаа, нели благодарение на Мицкоски.

Радувајте се скопјани!

И ете ти го како спасител, Мицко наш, голем маж, главен пилот, копилот – шофер на Нашата земја.

Радувај се Македонијо!

Вози нè Мицко!

Тоа си го заслужуваме.


Текстот е личен став на Авторот
Tags: автобусиЈане ЃорѓиоскиМицкоски
Next Post

Учество на собраниска Делегација во ПС на НАТО на 70. годишна сесија во Монтреал, Канада

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk