Новата сила, енергијата и ентузијазамот кој беше многу видлив на вчерашниот Конгрес на СДСМ ја вознемири ДПМНЕ. СДСМ покажа дека се издигнува после пораз а Конгресот е пресвртница во опозициското дејствување на партијата, соопштуваат од СДСМ.
„Внесовме нова енергија во нашите редови. Ги отворивме вратите за сите кои се блиски до социјалдемократски идеи и вредности. Новиот Централен одбор на СДСМ го сочинуваат поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани. Изборот на нова заменик претседателка на СДСМ Фани Каранфилова Пановска е додадена вредност на партијата каква што ДПМНЕ никогаш немала. Партијата со белиот дворец не може да го смисли прогресивното граѓанско општество, затоа и невладините организации и неистимислениците отсекогаш биле таргет на ДПМНЕ. Ја разбираме нервозата од владејчката ДПМНЕ која не успеа да испорача ниту едно ветување и која има катастрофални резултати од работењето за само 5 месеци од мандатот“, се истакнува во партиското соопштение на СДСМ.
Претходно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на прес-конференција рече „Фани Каранфилова Пановска е само продолжение на партијата која ја водеше Заев“.
Тој ја обвини новата заменик претседателка на СДСМ, дека кога била на чело на Фондацијата Отворено општество, земала висока плата.