Интерпол уапси 1.006 осомничени во африкански држави за време на операција за борба против кибер криминал, што траеше два месеца.
Операцијата „Серенгети“, спроведена со Африпол – полициската агенција на Африканската унија, траеше од 2 септември до 31 октомври во 19 африкански земји и беше насочена кон криминалците кои стојат зад дигиталната изнуда и онлајн измама, се вели во соопштението на Интерпол.
„Од маркетиншки измами на повеќе нивоа до измами со кредитни картички во индустриски размери, зголемениот обем и софистицираност на кибер-криминалните напади е причина за сериозна загриженост“, рече генералниот секретар на Интерпол, Валдес Уркиза.