ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Примопредавање на должност меѓу досегашниот и новиот претседател на Советот на ЕУ

November 29, 2024 10:24
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото: ЕНР/МИА

Фото: ЕНР/МИА

Во седиштето на Европскиот совет во Брисел денеска ќе се одржи церемонија на примопредавање на должноста меѓу досегашниот претседател на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и неговиот наследник на оваа функција Антонио Кошта.

Мишел, кој е поранешен белгиски премиер, ја извршуваше должноста претседател на Советот на ЕУ од 1 декември 2019 година.

Кошта на новата должност беше избран во јуни годинава врз основа на договорот меѓу трите групации од проевропско центристичко мнозинство во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) за распределба на водечките функции во ЕУ.

Кошта е роден во Лисабон во 1961 година. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот во Лисабон, а во политиката активно се склучува во 1988 година. Во периодот од 1991 до 2024 година бил член на португалското Собрание во неколку мандати, а од 2004 до 2005 и пратеник во Европскиот парламент.

Во 1997 е избран за португалски министер за односи со Парламентот, а две години подоцна за министер за правда, функција на која останува до 2002 година. Во 2005 е избран за министер за администрација, должност која ја напушта во 2007 година, кога станува градоначалник на Лисабон. За градоначалник е реизбран и во 2009 и во 2013 година, а во 2014 година станува лидер на тогашната опозициска Социјалистичка партија, по што во април следната година ја напушта градоначалничката функција, за во ноември истата година да биде избран за премиер на Португалија.

Премиерската функција Кошта ја извршуваше речиси девет години до април годинава, откако неговата ПС беше поразена на предвремените парламентарни избори. На изборите им претходеше истрага против Кошта и негови соработници под обвинение за корупција и злоупотреба на функцијата, но против него не беше покренато обвинение со образложение дека бил опфатен со истрагата по грешка откако неговиот идентитет бил помешан со тој на министерот за економија Антонио Кошта Силва.

Мандатот на Кошта како претседател на Европскиот совет официјално ќе почне да тече в недела на 1 декември.

Инаку Кошта ќе биде прв носител на една од највисоките функции во ЕУ, кој е припадник на етничко малцинство. Неговата мајка е Португалка, по професија новинарка и истакнат борец за правото на абортус, а татко му бил писател роден во Мозамбик. Дедото на Кошта по татко бил Индиец, родум од поранешната португалска колонија, а сегашна индиска сојузна држава Гоа, а бабата има француско-мозамбиканско потекло.

Во првото интервју по изборот на сегашната функција, Кошта рече дека сака да го искористи своето етничко потекло за да ги редефинира често нееднаквите односи на Европа со Азија, Африка и Јужна Америка.

Тој се заложи и за промена на „статусот кво во денешниот мултиполарен свет“ и за поблиски односи на ЕУ со различни региони и земји, кои се релевантни „во свет кој е многу повеќе од Г7 или Г20“. – Ова е свет составен од 195 земји, рече Кошта.

Next Post
ФОТО: МИА

Пешак загина во сообраќајка кај Валандово

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk