ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ повика на целосно почитување на договорот за примирје меѓу Израел и Либан

November 29, 2024 11:01
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ

Европската Унија го поздравува објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан, како и напорите на Франција и САД кои го доведоа до негово постигнување, порача високиот претставник за надворешна политика и безбедноста Жосеп Борел во писмената изјава упатена во име на ЕУ.

– Ова е значајно достигнување, на кое ЕУ и нејзините земји членки постојано повикуваа во текот на оваа година. Сега е од клучно значење примирјето да се почитува како што е договорено, да се гарантира безбедноста на луѓето и во Либан и во Израел и да им се дозволи на внатрешно раселените лица од двете страни на границата да се вратат во своите домови, наведе Борел.

Тој посочи дека остварувањето на овие заложби бара, пред се, посветеност на двете страни во правец на целосно почитување и на либанскиот и на израелскиот суверенитет и на прекин на сите прекугранични напади.

– ЕУ ги повикува сите регионални и меѓународни чинители активно да се вклучат во поддршката на прекинот на огнот за тој да има постојан придонес за регионалниот мир и стабилност. ЕУ и нејзините земји членки се посветени на мобилизирање на широк опсег на инструменти, вклучувајќи го и Европскиот мировен фонд и на поддршка на либанските Вооружени сили и УНИФИЛ, преку ефикасно и целосно спроведување во пракса на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, се додава во изјавата.

Борел нагласува и дека ЕУ ќе продолжи со доставување на хуманитарна помош и ќе се вклучи во процесот на постконфликтно закрепнување и реконструкција на Либан, со цел да го поддржи либанскиот народ погоден од конфликтот, вклучително и големиот број внатрешно раселени лица.

Според Борел, ЕУ е особено решена да го поддржи понатамошното зајакнување на суверенитетот и на институциите на либанската држава.

– Либанските политички лидери имаат можност и огромна одговорност брзо да ги остават настрана нивните разлики и да најдат излез од долготрајниот политички и економски ќорсокак, така што сите Либанци ќе ја делат истата национална иднина, како дел од заеднички, мирен и просперитетен Либан, наведува Борел, упатувајќи апел до политичките лидери под итно да изберат претседател на државата, позиција која стои празна две години, и да вложат напори за изградба на силна и суверена либанска држава.

Tags: ЕУизраелЛибанпочитувањепримирје
Next Post

Судот на правдата на ЕУ: Бугарија не смее непотребно да зема ДНК и отпечатоци од прсти од осомничени лица

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk