ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Стејт департмент: САД го прекинуваат партнерството со Грузија

December 1, 2024 11:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД соопштија дека го прекинуваат стратешкото партнерство со Грузија поради одлуката на тамошната влада да ги прекине преговорите за пристапување во Европската унија.

Потегот на Вашингтон  уследи по одлуката на проруската партија Грузиски сон да ги прекине пристапните преговори за ЕУ, што портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер го нарече „предавство на грузискиот Устав“ во објава на платформата Х.

„Одлуката на партијата Грузиски сон да го прекине процесот на пристапување на Грузија во ЕУ е спротивна на ветувањето кон грузискиот народ содржано во грузискиот Устав дека ќе се залага за целосна интеграција во Европската унија и НАТО“, соопшти американскиот Стејт департмент.

„Грузискиот народ со големо мнозинство ја поддржува интеграцијата со Европа“, продолжи тој. „Со суспендирање на процесот на пристапување на Грузија во ЕУ, Грузиски сон ја отфрли можноста за поблиски врски со Европа и ја направи Грузија ранлива пред Кремљ.

САД, исто така, ја критикуваа „прекумерната употреба на полициска сила против Грузијците кои сакаат да го искористат своето право на собирање и изразување, вклучително и слободата на мирни протести“.

САД ги опишаа акциите на Грузиски сон како „антидемократски“ и ја обвинија партијата за поткопување на основните вредности на демократијата, владеењето на правото и човековите права. Тензиите во Грузија се интензивираа во последните денови.

Проевропската претседателка Саломе Зурабишвили вчера во видео порака рече дека ќе ги предаде своите службени должности само кога ќе се формира легитимно избрана влада. Грузиската опозиција одби да ги признае резултатите од изборите на 26 октомври, на кои изборната комисија ја прогласи за победничка националистичката партија Грузиски сон.

На првата собраниска седница по изборите оваа недела, пратениците од опозицијата одбија да ги заземат своите места во парлементот. Од изборите, голем број демонстранти се собираат низ Грузија против одлуката на владата.

Tags: ГрузијаСАД
Next Post
Фото: МИА

Семејство со две деца со автомобил заглавиле во снегот кај Леуново

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk