ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Самоизолација за Мицкоски

March 20, 2020 13:48
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Медениот месец на Филипче завршил вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во ваква сензитивна ситуацијата во која ни се најдува државата, а и светот воопшто?!

Седум дена траеше „медениот месец“ на Филипче и останатите од власта. Тој меден месец заврши. Не можеме да аплаудираме. Мора реално да гледаме на состојбите во државата, вели Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле.

Можете ли да поверувате, драги мои?!

Во моменти кога во државава имаме вонредна ситуација, кога целиот медицински персонал е регрутиран, кога полицијата и армијата е во служба за спроведување на мерките и препораките, кога докторите со фотки порачуваат вие седете дома ние сме тука за вас, кога пациенти од Инфективна со пишан збор се заблагодаруваат на медицинскиот персонал за грижата, кога секој нормален граѓанин со нетрпение и страв го чека секој прес на министерот Филипче, кога Кризниот штаб е во постојано заседавање, кога имаме изолација на Дебар и Центар Жупа, кога се затворени сите граници, аеродроми, кога сите медиуми и нормални партии повикуваат да се почитуваат препораките од Министерството за здравство, кога министерот Филипче има по најмалку две прес конференции во денот, а истовремено координира цел здравствен систем, во такви моменти оној Христијан Мицкоски,  министерот Филипче и неговиот труд го оценува како „меден месец“. Навистина мора некоја сериозна дијагноза да е во прашање кај Мицкоски и  е потребна сериозна психијатриска опсервација.

Имаме побогу не политичка, ами техничка Влада во која истото она ДПМНЕ на Мицкоски има министер за внатрешни работи и заменици министри во сите клучни министерства, и во таква една ситуација како лидер да се осмелиш и да речеш дека „Завршил медениот месец на министерот за здравство Филипче“, нека ми простат сите вмровци кои се поклонуваат на овој лидершип, ама навистина треба да си неарен.

Ајде што редовно праќа Мицкоски по два три медиумски песови на секој прес кои добиваат задача како знаат и умеат да ја минираат работата и напорите што ги прави министерот Филипче, ајде и тоа што песовите нон-стоп му подметнуваат и инсинуираат ситуации само да го поместат од колосек министерот и да го пореметат ритамот на работа на најважното министерство во овие моменти, ама Мицкоски како лидер на опозициска партија да си дозволи таков понижувачки вокабулар, во оваа неизвесна за сите ситуација, навистина ги поминува сите дозволени граници на нормално однесување. И не, намерно не велам поминување на граници на пристојно однесување, тој пристојноста одамна ја изгуби, сега е во оние диијагностички граници на нормалноста, зашто тој и ова вакво ДПМНЕ е толку подметнувачко и крајно неодговорно собрано друштво, што тешко е да се опише со пристојни зборови.

Ова твое јадно интервју, јаден Мицкоски, доаѓа еден ден после она јадно подметнување на твојот потпретседател Николовски кое Организацијата на обединетите нации, јавно го демантираше како лажните вести. Од ООН јавно ве зашамараа и ви кажаа дека не правеле некакви проценки на владини мерки како што излажа Николовски и со респектабилна доза на коректност побараа да не бидат вклучувани во политички дискусии. И, дното не е тука допрено, има уште повеќе. Наместо јадниот Николовски да се извини за пласираните лажни вести, тој без ни малку срам, на демантот на ООН вели дека никаде не бил спомнат со име и презиме и дека не била никаде спомната ни вашата партија. Точно е тоа, врхушко, но кога имаш јавен демант на најголемата организација на светот, потенцирано точно за што станува збор во реакцијата, ти на тоа да се правиш недоветен и да продолжуваш и понатаму со подметнувањата, е дно-дна, под дното дупка… Но, каков поинаков потпретседател да очекуваш кога Мицкоски ти е претседател, ве молам да намалиме со очекувањата?

И повторно еве се обидувам да анализирам што може да ти се врти во глава, за да го изустиш „медениот месец“ јавно во интервју. Што мислел Мицкоски кога го изговорил тоа? Можно ли е нормален човек да се сити, ако ова сега уште повеќе не дај боже ескалира? Можно ли е некој да помислува на собирање партиски поени позади ваква една светска пандемија?

За жал, можно е и еве сите сме сведоци на тоа.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Да не подлегнуваме на страв и паника – стресот го инхибира имунолошкиот систем

НАЈНОВО

Почина славниот актер Роберт Редфорд

September 16, 2025
Фото: Фронтлајн

За шест месеци туристите во Албанија потрошиле 2,1 милијарди евра

September 16, 2025

Кина потврди дека е постигнат рамковен договор со САД за сопственоста над ТикТок

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk