ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема ништо да се случи во Уставниот суд в среда, целта на ДУИ е поделба по етничка основа

December 8, 2024 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Премиерот Мицкоски соопшти дека со коалицискиот партнер Вреди разговараат за Законот за употреба на јазиците, кој в среда, 11 декември, е на дневен ред на разгледување од Уставниот суд, но порача дека никој не треба да интервенира кај Судот за оваа „тековна постапка“.

Рече дека „во среда нема ништо да се случи“, затоа што пред „какво било акција“ на Уставниот суд претходат подготвителни седници.  Според него, целта на ДУИ е поделба по етничка основа и дека такви обиди ќе има и во иднина од таа политичка партија.

-Затоа што принципот „како до сега“ заврши на 8 мај и тој принцип е поразен. Но, се уште покажува знаци на живот и гледаме дека единствената тема со која Демократската унија за интеграција е присутна во јавност е да направат  одредена поделба по етничка основа, ги третираат само етничките прашања, затоа што на друг начин не можат да привлечат  внимание, ниту да наметнат тема, ниту да привлечат луѓе коишто ќе ги поддржуваат. Бидејќи се обидоа со „зелената агенда“, видовте како завршија, и се вратија сега во опозиција на единствената тема којашто за нив можеби носи некаков резултат, рече Мицкоски на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, ДУИ се обидува да направи две работи – да ги подели граѓаните, за што, рече, од фотографии се видело дека високи претставници на ДУИ се имаат сликано со „насилниците што го палеа државното знаме“ и дека тоа е „јасен индикатор кој стои зад сето тоа, што го потврдуваат и информации од МВР“.

-Втората теза е дека тие, ДУИ, бидејќи 20 и кусур години поставуваат судии, знаат дека ништо нема да се случи во среда. Па кога ништо нема да се случи во среда,  бидејќи се знае какви се процедурите на Уставниот суд итн., ќе излезат во јавноста и ќе кажат: „Еве ние правевме притисоци и затоа сега ништо не се случи во среда“. Затоа што за било што да се случи и за било кој да направи нешто таму, потребни се уште неколку чекори за да дојдеме до било каква акција. Во среда нема ништо да се случи, затоа што има подготвителни седници итн. итн. Но, тие повторно ги злоупотребуваат Албанците, но и Македонците, но и останатите ги малтретираат во државава со обид за поделба и да привлечат кон себе внимание, истакна Мицкоски.

Сите граѓани ги замоли да бидат спокојни затоа што, рече, „ова е изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомневања за сторен огромен криминал, кој набргу од денеска ќе почне да се обелоденува“.

-Без разлика што се тие жилави, имаат свои инфилтрати во Обвинителството и во судството, без разлика колку ќе трае оваа наша борба, ќе ги поразиме. И едните, кои се слуги на овие, но и овие. И мора јавноста, и Македонците, и Албанците, но и сите останати, да ја дознаат вистинската вистина што се крие зад оваа хајка на овие политички профитери. И многу скоро од денеска ќе се дознае, рече Мицкоски.

Очекува ДУИ и неговото политичко раководство во наредниот период „да продолжи со политички маневри на истата оваа тема“.

На новинарско прашање дали Законот за употреба на јазиците „може да се врати во Собранието на доработка за да се подобри“, Мицкоски одговори дека процедурата е почната и „мора да има крај, каков и да е тој крај“.

-Секоја процедура мора да има крај. Ние не можеме да речеме дека не важи. Единствено тие што ја поднеле можат да ја повлечат или Уставниот суд да ја отфрли како нерелевантна. Па дури потоа ние може да зборуваме дали, како, што, и да влегуваме во зона на претпоставки. До тогаш, ве молам, да не се грижите, безбедносната состојба е под контрола. Ќе има обиди, од истите овие луѓе, точно ги знаеме кои се, точно знаеме со кои групи комуницираат и како комуницираат, точно знаеме сѐ. Немојте да мислите дека нешто не се знае. И ние, но нашите стратешки партнери, бидејќи во оваа работа не сме сами.  Добиваме и од таму информации, даваме информации, разменуваме информации. И ќе се одбраниме и ќе ги поразиме, додаде Мицкоски.

Tags: ДУИМицкоскиУставен суд
Next Post

Уставниот суд да одлучува и по словото и по духот на законот, а не моноетнички или партиски

НАЈНОВО

Европска премиера на претставата „Приказната на Електра“ за затворање на „Охридско лето“

August 20, 2025

Книжевна вечер со Капка Касабова во „Буква“

August 20, 2025

(ВИДЕО) „Јасен“ се уште гори, борбата со големиот шумски пожар продолжува

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk