ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Ел Ануни: Клучно е да се зачува територијалниот интегритет на Сирија и да се отфрлат сите форми на екстремизам

December 9, 2024 13:52
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Падот на криминалниот режим на претседателот на Сирија, Башар Асад означува историски момент за сирискиот народ, кој претрпе огромно страдање и покажа извонредна издржливост во неговата потрага по достоинство, слобода и правда, порача денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар Ел Ануни во врска со соборувањето на режимот на Асад од страна на бунтовничките сили.

– Нашите мисли се со сите жртви на режимот на Асад и на жртвите што ги предизвика сирискиот конфликт. Сите Сиријци сега треба да имаат шанса да ја дознаат вистината за судбината на нивните најблиски, додаде Ел Ануни.

Цитирајќи делови од писмената изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас за случувањата во Сирија, Ел Ануни посочи дека од клучно значење е да се зачува територијалниот интегритет на земјата и да се почитува нејзините независност, суверенитет и државни институции и да се отфрлат сите форми на екстремизам.

– Ги повикуваме сите актери да избегнуваат понатамошно насилство, да обезбедат заштита на цивилите и да го почитуваат меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право. Посебно бараме заштита на припадниците на сите малцинства, вклучително и на христијанските и на другите немнозински религии, како и на безбедноста на странските државјани и почитување на дипломатските претставништва во Дамаск. Исто така, ги повикуваме сите страни да го заштитат богатото културно наследство и верските споменици на Сирија, порача Калас.

Таа посочи дека сега, повеќе од кога било, императив е сите засегнати страни да се вклучат во инклузивен дијалог на Сиријците за сите клучни прашања за да се обезбеди мирна и инклузивна транзиција на власта во духот на Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН и во согласност со волјата на сирискиот народ.

– Во овој контекст, преку сите релевантни инструменти на ЕУ силно ја поддржуваме тековната работа на специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен. Во овој критичен период, Европската Унија стои со сирискиот народ и останува во близок контакт со партнерите во регионот и клучните меѓународни партнери. Денеска стоиме со сите Сиријци, и во земјата и во дијаспората, кои се полни со надеж, но и со оние кои се плашат од неизвесна иднина, затоа сите мора да имаат можност за обединување, стабилизирање и обнова на својата земја, да ја вратат правдата во неа и да обезбедат одговорност, додаде Калас во изјавата.

Таа вчера во објава на Икс наведе дека „крајот на диктатурата на Асад е позитивен и долгоочекуван развој на настаните“.

– Тоа ја покажува и слабоста на поддржувачите на Асад, Русија и Иран. Наш приоритет е да ја гарантираме безбедноста во регионот. Ќе работам со сите конструктивни партнери, во Сирија и во регионот, наведе Калас.

Таа додаде и дека е во контакт со „министри од регионот“, потенцирајќи дека процесот на обнова на Сирија ќе биде долг и комплициран и затоа „сите страни мора да бидат подготвени да се ангажираат конструктивно“.

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, пак, оцени дека со ставањето крај диктатурата На Асад што предизвика „огромно страдање“, се создава можност за слобода и мир за целиот сириски народ.

– Ова е исто така клучно за пошироката стабилност на регионот. ЕУ е подготвена да работи со сирискиот народ за подобра иднина, наведе Кошта во објава на Икс.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така во објава на Икс наведе дека „суровата диктатура на Асад“ се распадна, потенцирајќи дека оваа „историска промена во регионот нуди можности, но и не е без ризици“.

– Европа е подготвена да го поддржи зачувувањето на националното единство и обновата на сириската држава, која ќе ги штити сите малцинства, наведе Фон дер Лајен, додавајќи дека ЕК е во контакт со европските и регионалните лидери и ги следи случувањата во Сирија.

Вчера во раните утрински часови сириските бунтовници предводени од исламистичката Организација за ослободување на Левантот (ХТС) објавија дека презеле контрола врз главниот град на Сирија, Дамаск, прогласија победа во граѓанска војна во земјата и порачаа дека градот е „ослободен, а тиранинот Башар Асад е соборен“.

Tags: Ел АнуниСирија
Next Post

ВЛЕН: ДУИ го има изгласано Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk