Силни експлозии одекнаа во сирискиот главен град Дамаск, јавија западни медиуми. Експлозиите се случија откако Сириската опсерваторија за човекови права, невладина организација, соопшти дека Израел извршил околу 250 напади досега врз цели во Сирија по падот на режимот на Башар ал Асад.
Израелските сили од неделата ги гаѓаат клучните сириски воени постројки низ целата земја со цел да ги уништат. Според Центарот, оштетени се аеродроми, радари, магацини за оружје, воени бродови, воени истражувачки центри. Нападнат е систем за ПВО кај Латакија.