ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Калас: Човековите права се гаранција за еднаквоста, демократијата, мирот и одржливиот развој

December 10, 2024 10:05
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Човековите права се законска, морална и активна универзална гаранција за човештвото и се од суштинско значење за човековото достоинство, еднаквост, демократија, мир и одржлив развој. Мирот и просперитетот, како и постигнувањето на целите за одржлив развој одат рака под рака со почитувањето на владеењето на правото и на човековите права, се наведува во пораката на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по повод Денот на човековите права – 10 декември.

– На Денот на човековите права, Европската Унија ја потврдува својата непоколеблива посветеност на универзалното почитување, заштита и исполнување на човековите права за секого и секаде. Овогодинешното мото „Нашите права, нашата иднина, токму сега“, ја нагласува потребата од заштита на правата и слободите за праведна, издржлива и одржлива иднина – не оставајќи никого на страна, се наведува во пораката.

Калас потенцира дека сега, повеќе од кога било, се соочуваме со вооружени конфликти, хуманитарни кризи, климатски катастрофи, неказнивост, растечки нееднаквости и на премногу места постојана родова нееднаквост.

– Меѓународниот поредок заснован на правила, со човековите права во неговата срж, останува незаменлив. Руската агресивна војна против Украина и конфликтите на Блискиот Исток, во Судан и на други места имаат ужасни последици по уживањето на човековите права на цивилното население, што ги погодува особено жените и децата, додава Калас.

Таа потенцира дека мирот не е само отсуство на војна, туку бара секојдневна работа, континуирана посветеност и заштита на човековите права, еднаквоста, правдата и демократијата, како и борбата против дискриминација.

– Човековите права се применливи насекаде и во секое време, вклучително и за време на конфликт или криза. Значајна и трајна промена може да се постигне само преку неуморна посветеност на човековите права, соработка меѓу глобалните актери, зајакнување на младите како носители на промените и практична поддршка за да се овозможи секој поединец да ги оствари своите права. ЕУ цврсто ги поддржува заштитниците на човековите права, граѓанското општество, новинарите и медиумските работници, како и сите оние кои повикуваат на мир, вистина, правда и одговорност, наведува високата претставничка на ЕУ.

Калас нагласува дека врз основа на својата цврста посветеност на Повелбата на ОН, на Универзалната декларација за човековите права и на Пактот за иднината, ЕУ заедно со Обединетите нации, Канцеларијата на високиот комесар за човекови права и своите партнери ширум светот ги повикува сите држави да ги почитуваат и исполнат своите обврски поврзани со заштитата на човековите права.

– Додека ја славиме 75-годишнината од Советот на Европа, ЕУ останува посветена на пристапувањето кон Европската конвенција за човекови права. ЕУ ќе продолжи да ги промовира и штити човековите права за секого и секаде – Вашите права, вашата иднина, токму сега и секогаш, додава високата претставничка на ЕУ во пораката по повод Денот на човековите права.

Денот на човековите права се одбележува на 10 декември на датумот на кој во 1948 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права. Одлуката за прогласување на 10 декември за Ден на човековите права беше донесена на сесијата на Генералното собрание на 4 декември 1950 година.

Next Post

МВР: Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk