ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССМ: Тужби за работодавачите ако незаконски намалат плати

Синдикатот ги потсетува, како што наведува во соопштение, оние работодавачи кои сакаат во овие тешки моменти да ги намалат платите на работниците спротивно на Законот за работните односи и спротивно на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, дека согласно Уставот, граѓаните имаат право на обезбедување егзистенција за себе и семејството и  социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор

March 20, 2020 14:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска им порача на работодавачите дека имаат обврска да ги заштитат работниците и најави дека ќе поднесе тужби доколку дојде до незаконско намалување на платите со злоупотребување на состојбата со коронавирусот.

Синдикатот ги потсетува, како што наведува во соопштение, оние работодавачи кои сакаат во овие тешки моменти да ги намалат платите на работниците спротивно на Законот за работните односи и спротивно на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, дека согласно Уставот, граѓаните имаат право на обезбедување егзистенција за себе и семејството и  социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.

– Укажуваме дека согласно  член 115 од Законот за работните односи, паричните побарувања од работен однос застаруваат во рок од три години од денот на настанувањето на обврската. Ваквата состојба ќе помине, но укажуваме дека во името на  работниците во наредниот период ќе поднесуваме тужби за сите незаконски и спротивно на Колективен договор намалувања на платите со злоупотребување на  ситуацијата поради нивната себичност, соопшти ССМ.

Според ССМ, сите незаконски и спротивно на Колективен договор намалувања на платите,  ќе ги чинат работодавачите далеку повеќе со камати и судски трошоци по надминување на оваа состојба, а дополнително, потенцираат, повредата на правата од работен однос е кривично дело по член 166 од Кривичниот законик.

Next Post

Следната недела Македонија официјално 30. членка на НАТО

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk