ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стапуваат во сила новите правила на ЕУ за безбедност на стоките за широка потрошувачка

December 13, 2024 09:23
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Од денеска во сила стапуваат новите правила за безбедност на сите непрехранбени производи за широка потрошувачка што се продаваат, офлајн или онлајн, на пазарот во ЕУ.

Правилата се дел од новата Општа регулатива на ЕУ за безбедност на производите, со која се заменуваат досега важечките директиви за општа безбедност на производите и за производите кои претставуваат замена за храна.

Со правилата се појаснуваат обврските на бизнисите во врска со безбедноста на стоките што ги нудат и се очекува тие да обезбедат порамноправни услови на пазарот, што би требало да донесе значителни бенефити за потрошувачите и за властите.

Според еврокомесарот за демократија, правда, владеење на правото и заштита на потрошувачите Мајкл Мекграт, потребата од ваквата Регулатива посебно ја наметнаа значителното зголемување на обемот на онлајн продажбата во последниве години и прогнозите за продолжување на овој тренд во следниот период.

– Новите правила ја рефлектираат новата реалност на повеќе начини, вклучително и со решавање на безбедноста на производите што се купуваат преку Интернет. Сега потрошувачите во ЕУ ќе бидат побезбедни и во можност да бараат решенија доколку наидат на производи кои не се усогласени со правилата, оцени Мекграт.

Се очекува новата Регулативата да овозможи подобар одговор на предизвиците што произлегуваат од растот на онлајн продажбата и директниот увоз на стоки од трети земји, да гарантираат поадекватно спроведување на правилата и да ја зголемат ефикасноста во повлекувањето на опасните производи од пазарот.

Според ЕК, Регулативата, исто така, на потрошувачите ќе им овозможи подобри канали за пријавување на безбедносни проблеми и за реакција на небезбедни производи.

Се очекува новите правила да овозможат и значителни заштеди за општеството и потрошувачите, имајќи предвид дека трошоците за санирање на штетите предизвикани од небезбедните производи изнесуваат по околу 11,5 милијарди евра годишно, посочува Еврокомисијата.

Next Post
Фото: ЕНР/МИА

САД забранија издавање визи за грузиски претставници поради „поткопување на демократијата“

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk