Втор предлог за импичмент против јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол поради прогласување воена состојба на 3 декември беше поднесен денеска до Парламентот, јавија јужнокорејските медиуми.
Главната опозициска Демократска партија планира да го стави предлогот на гласање на претстојната пленарна седница в сабота.
Првото барање за импичмент на Јун беше одбиено минатата сабота бидејќи мнозинството пратеници на владејачката партија го бојкотираа гласањето.