ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Проф. Селими: Зголемувањето на ДДВ-то e чувствително и сложено прашање за економијата на државата

December 13, 2024 13:34
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Насир Селими

Насир Селими

Бизнис заедницата бара данокот на додадена вредност од сегашните 18 отсто, да се зголеми на 19,5 отсто, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

– Имаше сега на седницата на Економско – социјалниот совет, да речеме предлог да се зголеми ДДВ – то од страна на бизнис заедницата. Да не биде 18 туку да биде 19,5 проценти. Секакви идеи има. Ние треба да ги ставиме сите аргументи на маса, да направиме една жестока анализа, да видиме што добиваме, што губиме и дури потоа да носиме одлуки, изјави премиерот.

Дали ова беше само вовед, увертира, некакво владино оправдување, основа за владата да има алиби да го предложи ова?

Насир Селими – професор на факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа вели дека зголемувањето на ДДВ е многу чувствително и доста сложено прашање за економијата на една земја.

– Од една страна, зголемувањето на стапката на ДДВ е точно дека негативно влијае на животниот стандард на потрошувачите, бидејќи стоките и услугите поскапуваат за купувачите и тоа автоматски влијае на намалувањето на благосостојбата на граѓаните на земјата и нивните осиромашување. Но, доколку буџетските приходи не ја покриваат другата страна на државниот буџет, тогаш многу економски активности и други планирани проекти остануваат нереализирани или доколку се реализираат се зголемува буџетскиот дефицит, што не е здраво за економијата на државата, изјави Селими за „Фронтлајн“.

Според него, економијата на Северна Македонија е соочена со голема сума на финансиски трансфери и голема сума се користи за пензискиот фонд.

– Речиси секоја буџетска година, на фондот му недостига 1/3 од сумата за редовна исплата на пензионерите, која се уште е прилично ниска. За да се подобри оваа состојба, во иднина треба да се зголеми реализацијата на капиталните проекти, да се отворат нови работни места, со цел да се зголеми вкупната вредност на БДП на државата. Кај нас ништо или многу малку се случило. Создавањето поголема производна вредност и зголемувањето на услугите ќе го ублажат овој проблем. Треба да се внимава и на инклузивниот принцип, што значи да се има објективен даночен систем и да се вклучат сите бизниси кои функционираат во економијата на државата – да не е селективен данокот, да бидеме пообјективни во оданочувањето на фирмите, а да внимаваат да не им се „одземе здивот“ на претпријатијата кои едвај функционираат, особено на малите и средните претпријатија, анализира професорот.

Данокот на додадена вредност се пресметува и се плаќа во сите фази на производството и трговија, како и во целокупниот услужен секотор.
Миле Бошков од Бизнис заедницата излезе со предлог ДДВ-то да се зголеми од 18 на 19,5% со цел овие пари да им се дадат на општините, да се зголеми стандардот на живеење во општините. Но, Мицкоски засега не го прифаќа предлогот.

Дестан Јонузи

Tags: Влададдв
Next Post

Познати ривалите на македонската репрезентација за пласман на СП во 2026

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk