ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Комора за туризам: Со ваучер патниците да го сменат датумот на аранжаманот во рок од една година

Преземени ќе бидат сите дејства за заштита на патниците и уплатените средства за услуги и аранжмани кои се реализираат во наредниот период. 

March 20, 2020 17:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На патниците да им се овозможи во рок од една година со ваучер да го заменат датумот на аранжманот што веќе го закажале, а не можат да го реализираат поради корона вирусот. Да се воведе и ваучер за аранжмани со авионски превоз од кои авионскиот превоз би се изземал и би се субвенционирал од државата.

Ова се предлозите на Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) за надминување на актуелната состојба што го погоди секторот. Комората, како што соопшти, очекува поддршка од институциите, но и таа ќе даде поддршка и препораки до сите деловните субјекти и корисници на услуги со цел изнаоѓање решение од заемен интерес.

-Преземени ќе бидат сите дејства за заштита на патниците и уплатените средства за услуги и аранжмани кои се реализираат во наредниот период. Во ситуација на вонредна состојба и неможност да се реализираат аранжманите и услугите, препорачуваме до завршување на периодот на вонредната состојба и одлуките на владата во услови на криза, корисниците на услуги да се воздржат од откажување на договорите за патување и услуги кои треба да се реализираат во наредниот период, како и барања за исплата побарувања по основ на откажување. Сите побарувања ќе бидат процесуирани по завршувањето на периодот на вонредната состојба, наведува СКТМ.

Поради фактот што работењето на субјектите во туризмот опфаќа услуги и патување на туристи во земјата и во странство, а при тоа во реализацијата на услугите се вклучени повеќе даватели на услуги од различни земји каде мерките кои ги преземаат владите и надлежните институции се разликуваат и не се идентични од една до друга земја, состојбата, според СКТМ, дополнително се усложнува со реализацијата на услугите и статусот на постоечките договори за патување и услуги кои патниците ги имаат склучено со туристичките агенции, хотелиери, превозници и другите даватели на услуги.

Next Post

На Инфективното одделение во Велес еден пациент сомнителен на корона вирус

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk