Регионалната влада во Мадрид планира да постави болница со 5.500 кревети на саемот во северниот дел од градот, откако од корона вирусот во Шпанија починаа илјада лица.
Бројот на заразени пациенти денеска се зголеми за околу 20 отсто, односно на 20.500 лица.
Новата привремена болница за корона вирус ќе биде поставена во конгресниот центар ИФЕМА во близина на аеродромот, соопштија денеска локалните власти.
Во тој центар се одржуваат големи саеми, како што е ФИТУР, најголемиот саем за туризам во Шпанија. Овој месец таму требаше да се одржи Светскиот конгрес за воздушен сообраќај, но беше откажан како прв настан откажан во Мадрид поради корона вирусот.
Мадрид сега е жариште на корона вирусот со повеќе од 7.000 пациенти, пред Каталонија со околу 3.000 заразени.
Во главниот град, два хотела веќе се претворени во болници, опремени за лекување на пациенти заразени со корона вирусот.
Досега помош понудија повеќе од 40 хотели со капацитет од 9.000 легла, соопшти Здружението на хотелиери на Мадрид.
Околу 47 милиони жители на Шпанија една недела се во домашна изолација.