Уделот на електричната енергија од електрани на ветер во Европа во изминатите 24 часа е повисока за 29,8 отсто, покажуваат податоците од денешниот билтен на WindEurope Power Numbers.
Земјите со најголем удел на еолска енергија во изминатите 24 часа се Данска (104 отсто), Германија (71 отсто) и Литванија (66 отсто). Сто и четири проценти за Данска укажуваат на тоа дека производството на енергија од ветер ја надминало домашната потрошувачка на земјата за 4 проценти. Вишокот енергија обично се извезува во соседните земји или се складира.
Најголеми количини на електрична енергија од ветер се произведени во Германија (1.054 гигават часови), Шведска (255 гигават часови) и Полска (191 гигават часови), покажува и извештајот.