Полицијата уапси 50-годишен лекар од Саудиска Арабија на местото на нападот во кој загинаа две лица, а 68 се повредени кога џип влета во празничната толпа во Магдебург вчера вечерта.
Засега полицијата не е сигурна дали нападот можеби бил инспириран од исламисти или поврзан со психолошки проблеми на напаѓачот.
„Мотивите засега остануваат нејасни“, пишува Шпигел.
Според полицијата, инцидентот се случил кога возило се забило директно во посетители на пазарот.
Министерството за внатрешни работи на регионот Саксонија-Анхалт го квалификува инцидентот како напад. Канцеларот на Германија, Олаф Шолц, реагираше на настанот, изразувајќи стравување дека инцидентот може да има тешки последици.
„Моите мисли се со жртвите и нивните најблиски. Ние сме со сите жители на Магдебург и изразуваме длабока благодарност до итните служби во овие тешки часови,“ изјави Шолц преку социјалните мрежи.
Премиерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хазелоф, изјави дека ова е „страшен настан, особено во деновите пред Божик“ и се упати кон Магдебург за поддршка на локалните власти.
Човекот уапсен по нападот на божиќниот пазар во Магдебург претходно не бил на радарот на органите на редот како познат исламист, велат безбедносни извори за германската новинска агенција ДПА.
BREAKING 🚨 🚨 🚨
First footage of the aftermath at Magdeburg Christmas market where a car has ploughed through the barriers and injured several people. pic.twitter.com/p86VzSUHX3
— Isolated Incidents (@diversity999x) December 20, 2024
Германскиот канцелар Олаф Шолц и други политичари денеска ќе го посетат местото на крвавиот напад со автомобил во Магдебург што ги таргетираше посетителите на божиќниот саем во стариот пазар на градот.