ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Хрватска е Ден на жалост по монструозниот напад во основно училиште во Загреб

December 21, 2024 10:09
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Хрватска денеска е Ден на жалост по монструозниот напад врз ученици и вработени во основно училиште во Загреб, во кој загина едно дете, а три други беа повредени, заедно со наставничката (62) која храбро го нападнала 19-годишниот напаѓач и го спречила пострашно кривично дело.

Ден на жалост означува  – задолжително истакнување на знамето на Република Хрватска на половина копје на сите објекти во кои се сместени органите на државната управа и единиците на локалната и регионалната самоуправа, како и зградите во кои правните лица имаат нивното седиште или ги извршуваат своите активности или во кои физички лица ја вршат својата самостојна дејност.

На Денот на жалост не може да се одржуваат забавни настани, а правните лица кои вршат телевизиски и радио активности мораат да ги приспособат своите програми на одбележувањето на Денот на жалост.

Поради трагичниот настан синоќа граѓаните се собраа на училишното игралиште во ОУ Пречко, запалија свеќи, оставија и пораки. Граѓаните запалија свеќи и пред блискиот Здравствен дом, а во црква се одржа молитвено бдение за убиеното дете и сите повредени.

За полицијата се уште не се познати мотивите на напаѓачот, ќе биде сослушан откако ќе закрепне, јавија хрватскиоте медиуми. По нападот тој побегнал во блискиот здравствен дом и се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила во тоа.

Познато е дека насилникот одел во основното училиште каде го извршил нападот и дека се лекувал од психички проблеми. Неговата мајка сведочеше дека сите во семејството се плашеле од него и ги молела лекарите да не го пуштаат од болница, но тие не ја послушале.

Tags: ден на жалостхрватска
Next Post

ФИФА потпиша договор со Нетфликс за двата следни женски фудбалски мундијали

Најново

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk