ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Која е фактурата што ВМРО-ДПМНЕ ја испорачува на ДУИ со пропуштањето на Груби преку граница?

December 25, 2024 09:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Која е фактурата што ДПМНЕ и ДУИ си ја испорачуваат со пропуштањето на Артан Груби преку граница? Оваа цела ситуација личи исто како летото што избега Блерим Рамадани, така сега и Груби, и сите оние кои треба да одговараат пред законот, се во некаков договор со ДПМНЕ, ја напуштаат границата и бегаат, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

„Не може коалицискиот партнер на ДПМНЕ да знае каде е Груби, а Тошковски да нема информации каде е.  Многу прашања кој ги постави СДСМ на прес конференциите не беа одговорени од страна на власта, токму за пуштањето на Артан Груби преку граница. Ама имаше неколку кажувања, прво дека во еден момент не работеле камерите, па дека пешки ја поминал границата, па бил со дипломатско возило. И да не работат камерите, видеонадзорот не е на батерии. Многу е сомнително, а токму човек на Тошковски тој ден бил на работно место и го пропушта Груби да помине на граница. Сето ова укажува дека станува збор за некаков договор“, рече Тренчевска.

Тренчевска се осврна и на шесте месеци откако ДПМНЕ е на власт, велејќи дека за ова време од сè што ветија ништо не направија, освен што во судството ги местат своите, се разрешуваат комисии и регулаторни тела, а се поставуваат членови на ДПМНЕ.

„Со ДПМНЕ нема светла точка во државата? Што постигнаа од она што ветија? Ништо. Ниту e подобар животниот стандард ниту има  зголемување на платите. Дали кошничките дадоа резултат за подобрување на животниот стандард? Не. Новогодишната кошничка, ги разочара граѓаните, цените не се намалени, туку се поскапени. Премиерот излезе и рече дека кошничката дава резултати, за денес да слушнеме дека имало покачување на цените. СДСМ уште пред да започне оваа мерка новогодишна кошничка укажуваше дека трговците ги зголемија  цените со амин на власта. Со политиките на ДПМНЕ граѓаните само осиромашуваат“, рече претеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

 

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕГрубиТренчевска
Next Post

Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најуспешните во 2024 година

Најново

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

Герасимовски: Во понеделник со музика и сеќавања го чествуваме роденденот на големиот Горан Стефановски

April 26, 2026

Груевски подготвува ново бегство – Мицкоски сè уште не испратил ниту еден документ за екстрадиција, велат од СДСМ

April 26, 2026

Николоски: Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

April 26, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

(ВИДЕО) Пукање на новинарската вечера во Белата куќа, Трамп не e повреден

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk