ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За „Генерацијата Зед“, празничното украсување е помалку традиција, а повеќе самоизразување

December 25, 2024 16:03
in ДЕНЕС, МАГАЗИН

Новогодишните елки во некои домови во САД оваа година покажуваат повеќе „неконвенционалност“ во изборот на украси за елки, посочуваат испитувањата. Тие, велат познавачите, денес во поголема мера ја изразуваат личноста на домаќините и не се општ безличен симбол на божиќното расположение.

И според продавачите на украси, и младите, а неретко и повозрасните лица, денес ја напуштаат досега вообичаената зелено-црвена атмосфера, користејќи на пример розова и сина боја, или повеќе вештачко крзно и пердуви. Се зголемува понудата на вештачки дрвја, украсени со самовилски светла, венци од вештачки кристали и бисери и панделки коишто повеќе потсетуваат на концерт на Тејлор Свифт отколку на Божиќ.

– На некој начин, празничното украсување за „Генерацијата Зед“ (лицата од 12 до 27-8 години) е помалку заради традиција, а повеќе за самоизразување. Тоа е нивниот личен став за Божиќ, којшто повторно е тука за топлината и удобноста, но со целосно современ вкус, изјави дизајнерот Ерик Горансон.

Малопродажните синџири го охрабруваат овој тренд нудејќи и модерни украси чиишто светла и музички ефекти можат, да речеме – да се програмираат и со апликација за мобилен телефон.

И, додека помладите лица обично сакаат помали и повеќе елки, повозрасните од тн. „Генерација Икс“ (45+ години) вообичаено и доста често сакаат да се придржуваат до обичајот на едно големо дрво во дневната соба. Познавачите велат дека промената кон „понеконвенционални“ празнични украсувања почнала во екот на Корона-пандемијата од пред неколку години, кога луѓето беа често затворени дома.

Next Post
Фото: А. Ѓорѓиоска / Фронтлајн

Поради обилни врнежи од снег, забрана за камиони на патот Тетово - Попова Шапка

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk