ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ бара Тошковски и Обвинителството да го повикаат Ахмети на исказ за да каже каде е Груби

December 30, 2024 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Обвинителството да го повикаат лидерот на ДУИ Али Ахмети да даде исказ во врска со бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби.

-Откако лидерот на ДУИ застана во одбрана на Груби, повеќе од јасно е дека самиот тој е добро информиран за тоа каде е Груби и има важни информации за случајот. Зошто обвинителството и Тошковски не го повикуваат Ахмети да даде изјава? Како е можно и Ахмети и Меџити да знаат каде е Груби само Тошковски да е целосно незапознаен? Ова е класичен пример на селективност, но и огромна неспособност на Тошковски и МВР да го спроведат законот. Артан Груби треба да одговара пред законите на државата но заради неспособноста на Тошковски или пак скриен политички договор тоа не се случува, велат од СДСМ.

Во меѓувреме, нагласуваат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се обидува ова фијаско да го префли на СДСМ, но, потенцираат, таквите обиди се јалови.

-Ниту СДСМ е виновен што Груби не одговара, ниту е одговорен за неговото бегство, туку за тоа е виновен само Тошковски и МВР. Во меѓувреме се обидуваат со димни бомби и нови пораки на сеење страв да ги прикријат своите неуспеси на секое поле, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

Од партијата сметаат дека државата тоне а граѓаните се осиромашуваат заради Мицкоски и неговите политики.

-Инфлацијата расте, цените растат, имаат катастрофална реализација на капиталните инвестиции, а државата е заглавен во секој поглед. На ВМРО-ДПМНЕ не им останува ништо друго освен да манипулираат, напаѓаат, лажат и сеат страв меѓу граѓаните, на другите полиња секако целосно потфрлија, велат од Социјалдемократскиот сојуз.

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска рече дека се надева оти Обвинителството ќе го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети кој, како што пренесоа вчера косовските медиуми, изјавил дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се наоѓа на албанска територија и дека ќе се врати во земјава само ако нема одмазничка и селективна правда.

– Се надевам дека ова допира до Обвинителството и има правна процедура во којашто ако имаме личност која знае каде се наоѓа бегалец од законот дека ќе ја повика таа личност и таа ќе даде одговор на прашањето каде се наоѓа бегалецот од правдата. За се останато можам да дадам коментар дека на секого во државата му е јасно како се поставуваа обвинители и судии изминативе седум години. Истите тие без кои не можеше да помина квалификацијата преку Акадијата на судии и јавни обвинители, сега велат дека правдата некому му била оневозможена и дека ова било политички прогон. Да потсетам – именуваното лице бегалец се наоѓа на листата на санкции на САД и таму јавно велат дека ова лице заедно со едно друго се поврзуваат со големи коруптивни скандали. Претпоставувам дека нема да го обвинат и Стејт депарментот дека прави политички прогон, изјави денеска Мицкоски.

Според премиерот, најлесен начин да се докаже дали некој е виновен или не, е да дојде, да даде исказ и да се соочи со правдата.

Од државното Јавно обвинителство денеска излегоа со информација дека за Груби е распишана национална и меѓународна потерница и дека домашните и меѓународните органи задолжени за извршување на тие наредби имаат овластување да ги преземат сите неопходни мерки вклучително и да повикаа други лица доколку тие имаат сознанија каде се наоѓа осомничениот.

– Јавното обвинителство издаде наредби за распишување национална и меѓународна потерница за осомниченото лице. Домашните и меѓународните органи задолжени со извршување на тие наредби ги имаат сите овластувања да ги преземат сите неопходни дејствија за трагање по лицето, вклучително и да повикуваат и да вршат разговори со други лица кои би можеле да имаат некои сознанија за локацијата на која се наоѓа осомничениот, се наведува во одговорот од ЈОРСМ.

Next Post

Мицкоски за Судски совет: Овие луѓе со доверба од два проценти, повеќе не ја заслужуваат платата

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА