ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шолц загрижен поради поддршката на Маск за крајнодесничарската АфД

January 4, 2025 09:48
in ДЕНЕС, СВЕТ

Американскиот милијардер Илон Маск ќе прави интервју со лидерката на крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, на 9 јануари.

Разговорот, што ќе се емитува во живо на социјалната мрежа „Икс“, ќе опфати теми како слободата на изразување и програмата на АфД за одржлива Германија, прецизираше претставник на партијата за ДПА.

Портпаролот на Вајдел истакна дека АфД и тимот на Маск се во редовен контакт со месеци, иако лидерката на партијата на екстремната десница и американскиот милијардер се уште не се сретнале лично.

Два дена подоцна, Вајдел ќе биде официјално назначена за водечки кандидат на АфГ за изборите на 23 февруари.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази загриженост поради поддршката која милијардерот Илон Маск ја дава за крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) во пресрет на парламентарните избори закажани за 23 февруари, пренесува ДПА.

Социјалдемократот Шолц, во интервју за списанието „Штерн“,  истакна дека не му пречат нападите на Маск кон него или кон други германски политичари, туку дека поддршката на милијардерот за екстремната десница е многу позагрижувачка.

– Далеку повознемирувачки од таквите навреди е фактот што Маск поддржува екстремно десничарска партија како АфД, која се залага за зближување со (рускиот претседател Владимир) Путин и се обидува да ги ослабне трансатлантските односи, рече Шолц.

Трипартиската коалиција зад неговата влада се распадна, што доведе до распуштање на Бундестагот, Долниот дом на германскиот парламент, од страна на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и распишување предвремени избори.

Вицеканцеларот Роберт Хабек, кој е кандидат за канцелар на партијата Унија 90/Зелените, го предупреди Маск да не се меша во германските избори во вчерашното интервју за германско списание, Шпигел, „Подалеку рацете од нашата демократија, господине Маск, повика Хабек.

 

Tags: АФДМаскШолц
Next Post

Трамп ќе влезе во Белата куќа како осуден криминалец

НАЈНОВО

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025
Фото: Википедија

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана – повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 18, 2025
Дестан Јонузи

Македонската фарса на ветувањата

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk