Украинските сили го елиминираа Братислав Живковиќ, капетанот на српската четничка дивизија во рамките на руските сили, за време на операцијата во областа Курск.
Водачот на српските четници Братислав Живковиќ, познат по неговата улога во организирање барикади на северот на Косово и и организатор на испраќањето српски платеници да се борат во војната во Украина од страна на Русија, загина во руската контраофанзива во областа Курск, пренесуваат повеќе медиа аутлети и канали на социјалните мрежи.
За неговото загинување пишуваа и медиумите во Србија и во регионот.
Претходно, како што пренесува КосоваПрес, Братислав Живковиќ, 42-годишниот командант на четниците, српските паравоени сили кои се бореле заедно со проруските сепаратисти во украинските провинции Доњецк и Луганск во 2014 и 2015 година како дел од екстремно десничарската организација Unite Continentale, присуствувал на годишно обраќање на Путин за состојбата на нацијата.
Живковиќ се пофалил дека бил поканет на конференцијата на Путин како учесник во „специјалната воена операција во Украина“ и дека е „единствениот српски командант што го организирал четничкиот одред и го донел на Крим во 2014 година“, додавајќи дека учествувал „во одбраната на градот Луганск во истата година и во одбраната на Доњецк во 2018 година“.
Во 2018 година Живковиќ бил уапсен во Србија под сомнение дека организирал учество на Срби во војната во Украина и им нудел 200 евра месечно во замена. Екстремистот беше под истрага на Обвинителството на Украина за неговата улога во нападите врз украинските сили.
Последните информации за Живковиќ се појавија во медиумите минатата година, кога беше објавено дека тој е тешко повреден и се лекува во Москва и дека на говорот на Путин дошол со патерици.
Во 2017 година, Романија го протера Живковиќ и му забрани влез на 15 години, откако беше фатен како шпионира и фотографира воени радари на брегот на Црното Море додека се обидуваше да ги пренесе своите GPS координати.“ Апелациониот суд во Букурешт го прогласи Братислав Живковиќ за непожелен во Романија. во наредните 15 години поради загрозување на националната безбедност“, се наведува во оправдувањето за неговата депортација.
За експертот за безбедност, Агим Муслиу, овој четник е марионета на српскиот претседател Александар Вучиќ. Муслиу нагласува дека Живковиќ, кој бил присутен на говорот на рускиот диктатор Владимир Путин во Москва пред 2-3 дена, ја започнал својата проруска кариера во Косово, поточно на српските барикади од 2012 година на северот на Косово“.
Лидерот на српските четници поминал три дена во Северна Македонија, при што го посетил и кумановскиот округ, каде што се воделе борбите во мај 2015 година. По кумановскиот конфликт, Живковиќ изјавил дека ќе организира доброволци од Србија за борба против Албанците. Тој се обидел да ја премине границата на граничната точка Прешево-Куманово, но српската полиција не му дозволила. Нему му беше забранет влез во 15 земји членки на НАТО.
Драган Мишев / Цивил Медиа