ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Костова: Трошоците за живот вртоглаво растат, неспособноста на власта го загрозува стандард на граѓаните

January 9, 2025 14:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Последните податоци на Државниот завод за статистика уште еднаш ја потврдуваат тешката економска реалност во која живеат нашите граѓаните. Инфлацијата продолжува да расте, граѓаните имаат сè помалку пари во своите џебови. Според податоците на Статистика, трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4% во споредба со истиот месец една година порано. Цените на основните производи пораснале за 4,3%. За илјадници семејства, тоа значи дека основните животни потреби стануваат недостапни. Месечната плата не е доволна ниту за најосновните трошоци, истакна на денешната прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

Таа нагласи дека „Владата на ДПМНЕ не само што не реагира, туку активно придонесува за овој хаос и е директен соучесник во масовниот грабеж на граѓаните. Таканаречените „новогодишни кошнички“, кои требаше да донесат олеснување, завршија како фарса“. Имено, цените на 63 основни производи, наместо да бидат намалени за 10%, биле зголемени за 397 денари, рече Костова.

„Основните производи не само што не поевтинија, туку станаа луксуз за многу семејства. Зејтинот, јајцата, млечните производи, сѐ е поскапено, а во исто време нема раст на платите. Само во изминатите неколку месеци, од џебовите на граѓаните се одлеани десетици милиони евра во интерес на големите трговски синџири. Владата на ДПМНЕ покажа целосна неспособност да управува со економијата и со тоа ги остави работниците, граѓаните и семејствата незаштитени. Платите стагнираат, трошоците растат, и граѓаните се соочуваат со избори кои не треба да ги прават – дали да купат храна или да платат сметки. Во меѓувреме, профитираат бизнис партнерите на власта и големите трговски синџири. Ова е директен резултат на економските политики што се водат – политики кои не се за граѓаните, туку за интересите на малкумина. Оваа ситуација е неодржлива. Потребни се итни и храбри чекори за да се врати контролата врз цените и да се заштити животниот стандард. Потребно е Владата веднаш да ги прифати мерките на СДСМ, кои се насочени кон вистинско решавање на кризата. Само преку укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, воведување контрола на цените и зголемување на минималната плата ќе се намалат финансиските маки на граѓаните. Минималната плата мора да се покачи на 500 евра. Сѐ помалку од тоа е понижувачки за граѓаните“, изјави Костова.

Таа вели дека сегашната состојба е неприфатлива и неодржлива за граѓаните.

„Животот во Македонија не треба да биде борба за основна егзистенција. Време е за промени – реални, системски и веднаш применливи мерки кои ќе ги стават граѓаните, а не привилегираните, на прво место. Граѓаните заслужуваат власт која вистински ќе се грижи за нивните потреби, а не за профитите на големите трговци и бизнис партнери“, потенцира Костова.

Од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата од СДСМ, истакнуваат дека „СДСМ заедно со ДУИ македонските граѓани ги доведоа до просјачки стап. За време на нивното заедничко седум годишно владеење над пола милион граѓани денот го поминуваа со по 150 денари“.

– Инфлацијата и скапотијата, за која зборуваат, пред неколку години беше двоцифрена за во 2023 година да заврши со 9,5%. 2024 изборна година и ВМРО-ДПМНЕ на власт шест месеци, инфлацијата се спушти на 3,5% и годината заврши со раст на економија од 2,3%. Ова се официјални податоци од надлежните институции, се нагласува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Next Post
Џелал Хоџиќ

Хоџиќ за ЦивилМедиа: Политичката кариера на Додик е пред крај, тој не е во состојба да ги спроведе великосрпските и руските аспирации на Балканот

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

November 8, 2025
Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk