ПРВ смртен случај од корона вирус кај нас е 57 годишна жена од Куманово. Резултатот кај жената двапати се покажал негативен резултат на тестот, но таа била ставена во изолација. По смртта бил земан брис и по трет пат и тој покажал позитивен тест. Нејзиниот 33 годишен син е хоспитализиран, кај кого од вчера има влошување на здравствената состојба па бил префрлен на Инфективната клиника и сега е во стабилна состојба.
ОД утре почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за корона вирус на територијата на целата држава. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата.
СИТЕ функционери, јавниот сектор и јавната администрација одат на минимална плата од 14.500 до мај. Оваа мерка не се однесува на лекарите, полицајците и сите оние кои работат на справување со епидемијата. За оние кои останале без работа ќе има брз влез во системот за заштита, по 7.000 денари по домаќинство. До крај на јуни нема закон за извршување. – дел од мерките што претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги предложи денеска на прес конференција.
НИКОЈ од персоналот на Ифективна клиника не заразен со корона вирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
СОСОТЈБА со корона вирусот до 17 часот – во светот досега се регистрирани 318,967 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 13. 684, а оздравеле 96.006 лица.