ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Американските компании донираат средства за настраданите од пожарите во Калифорнија

January 11, 2025 10:18
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Филмската компанија „Волт Дизни“, соопшти дека ќе донира 15 милиони долари помош за настраданито од катастрафалните пожари во Лос Анџелес и за обнова на локалната инфраструктура, а за слична намена планирани се пет милиони долари од Националната фудбалска лига на САД (НФЛ). Еден милион долари вети и филмската компанија „Парамоунт“, јави синоќа „Лос Анџелес тајмс“.

Средствата ќе бидат префрлени на локални организации кои им помагаат на погодените од шумските пожари како американскиот Црвен крст, Фондот за противпожарна заштита на Лос Анџелес и Регионалната банка за храна на Лос Анџелес.

-Волт Дизни дојде во Лос Анџелес со својата неограничена фантазија и токму овде го основа својот дом, да ги следи своите соништа и да создава извонредни приказни кои значат многу за милиони луѓе низ светот. Горди сме што можеме да помогнеме на оваа издржлива и динамична заедница во овој тежок момент, се наведува во синоќешното соопштение од компанијата.

Фондацијата за хуманитарни цели на НФЛ ќе ги додели средствата за поддршка на настраданите од пожарите. Тимовите Лос Анџелес Чарџерс, Лос Анџелес Ремс, Минесота Вајкингс и Хјустон Тексанс веќе уплатиле донации во фондот.

На 30 јануари пак е планиран хуманитарен концерт „Фајраид“ (Fireaid), со цел да се соберат средства за надминување на штетите од пожарите. На концертот треба да настапат многу американски поп и рок ѕвезди.

Како што јавуваат дел од американските медиуми, и покрај заканата од нови пожари многу жители започнале да се враќаат во своите населби иако огнот насекаде сè уште е присутен.

„Оние што се вратија во уништените области плачеа или само стоеја, обидувајќи се да сфатат што се случило. Повеќето од нив носеа маски поради густиот чад. На местата каде што имаше куќи, згради и други градби останаа само урнатини. Редици со автомобили изгореле толку многу што се претворија во пепел, а стаклата исчезнаа, наведуваат медиумите.

Како резултат на неколкуте пожари што неделава избувнаа во густо населена област лоцирана 40 километри северно од центарот на Лос Анџелес изгореа над 12.000 куќи и други објекти. Причината за пожарите сè уште не е утврдена.

Според податоците од медицинската експертиза на округот Лос Анџелес, загинати се најмалку 11 лица. Властите вчера отворија центар каде луѓето можат да пријават исчезнати лица. Десетици илјади луѓе сè уште се евакуирани. Опожарените подрачја зафаќаат околу 145 квадратни километри. Во наредните денови се предвидува засилување на ветерот, што може да придонесе за ширење на пожарите.

Tags: американски компаниидонираатЛос Анџелес
Next Post

Протести по улиците на Братислава и другите словачки градови: „Словачка не е Русија“

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk