ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Индија стана четвртата земја која успешно постигна „спојување“ на вселенски летала без екипаж во вселената

January 16, 2025 10:45
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: ISRO/X

Фото: ISRO/X

Share on FacebookShare on Twitter

Индија стана четвртата земја која успешно постигна спојување (приклучување docking) без екипаж во вселената, подвиг што се смета за клучен за идните мисии бидејќи Њу Делхи го зацврстува своето место како глобална вселенска сила, пренесува Си-Ен-Ен.

Соединетите Американски Држави, Русија и Кина се единствените други земји кои ја развија и тестираа способноста за спојување .

„Спојувањето на вселенското летало е успешно завршено! Историски момент“, соопшти Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) на X.

Мисијата на индиската вселенска агенција, наречена Space Docking Experiment (SpaDex), вклучуваше распоредување на две мали вселенски летала, тешки по околу 220 килограми, во ниската орбита на Земјата. Двете вселенски летала наречени Таргет и Чејзер, беа лансирани од вселенскиот центар Сатиш Даван во јужната држава Андра Прадеш на 30 декември на ракета PSLV од индиско производство.

Технологијата за приклучување е од клучно значење за идните вселенски напори, како што е сателитско сервисирање и кога се потребни повеќекратни лансирања на ракети за да се постигнат целите на мисијата.

Технологијата ќе и овозможи на Индија да пренесува материјали од еден сателит или вселенско летало на друг, примероци од Месечината или, евентуално, луѓе во вселената, изјави Синг за новинарите на прес-конференција на 31 декември.

Како дел од мисијата, споените вселенски летала ќе демонстрираат и пренос на електрична енергија меѓу нив, откако ќе се поврзат. Ова е од суштинско значење за функционирање на роботиката во вселената, контролата на вселенските летала и операциите на носивост за време на идните мисии.

Пред приклучувањето, Индија во неделата спроведе „пробен обид“ каде што двата сателити беа прогресивно приближувани еден до друг во орбитата додека не се оддалечат од 3 метри, пред да се вратат на „безбедно растојание“.

Успешното приклучување дојде откако експериментот двапати беше одложен на 7 и 9 јануари поради технички проблеми.

Ј. Ѓ.

Tags: dockingвселенаИндија
Next Post

Бугарија доби нова политичка Влада, предводена од Росен Жељазков

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk