ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски и Сиљановска се мајтапат со нас кога велат – членството во ЕУ е врвен приоритет?!

January 19, 2025 17:13
in ZOOM IN, ВО ЕДНО, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Мицкоски Сиљановска ЕУ

Генерирано со ВИ

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

„Во Едно“ со Јане Ѓорѓиоски

1 Полни усти за членството на Македонија во Европската унија на премиерот Мицкоски и претседателката Сиљановска-Давкова за време на протоколарни средби, изјави за медиуми и пред дипломати. Тоа било наш врвен приоритет, па сме немале друга алтернатива, па било државен интерес. Сиљановска вели на крилјата на реформите ќе сме летале кон ЕУ, ќе сме се европеизирале. Па додава – „членството ќе биде моќен мотив за демократски промени во регионот, што трајно ќе овозможи крај на опасноста од дестабилизација и балканизација!“. И такви мити слични флоскули и празни зборови, митови и преданија се изнаслушавме овие шест месеци од државниот ни врв гордо македонски.

2 Од друга страна, излегува кој и да е официјален и неофицијален претставник од ЕУ и наши пријатели и буквално ни велат:
Луди ли сте, или што ви е?! Искористете го моментот на поволна клима во ЕУ во однос на проширувањето. Исполнете ја онаа смешна обврска за внесување на Бугарите во Уставот и терајте си капа накриво со отворање на кластери до полноправно членство. Ем излегувате кооперативни кај европските партнери, ем ги правите Бугарите уште посмешни во очите на Европа. Направете ги уставните измени и смејте им се на бугарските власти во лице. Паметна држава со зрели и одговорни политичари, така би направила. А ако им текне после на бугарчета да измислат друг проблем, ќе имате силен адут во рака. Нема да им помине! Ова ни го велат сите пријатели на Македонија, освен се разбира Орбан – пријателот од Мицкоски. А, Орбан што вели, Мицкоски тоа испорачува – бидете скраја од ЕУ држте се до мене.

3 Ќе барал Мицкоски „плусче“ да се додаде во Францускиот предлог. Ќе да е тоа што измислил Орбан. Жива смешка! Овој пат сами си го кочиме напредокот на граѓаните и државата, ЕУ не ни е виновна. Албанија со која бевме заедно, сега има да си бичи со напредок по кластери и ќе си користи поволни европски фондови во милиони евра. Црна Гора фура напред, во врат ни дишат Молдавија и Украина, а ние по се изгледа ќе си се дружиме со Косово и Вучиќ. Ма има да нè профураат и тие. Ќе си тапкаме во место, ќе јачаме гордост, ќе ни заминат уште неколку генерации во неповрат – а Мицкоски, Сиљановска и остала вмровска свита, е, тие ќе си товарат самарчињата со тендери, провизии од кинеско-унгарски кредити и ќе ни се потсмеваат на наивноста.

Во Едно: А каматата, каматата од сите овие нивни тралалајки што ги аминуваме – ние граѓаните сами ќе ја плаќаме, ич да не се секирате.


Текстот е личен став на Авторот. Сите содржини од рубриката „Во Едно“, може да се преземаат со линк до текстот на Фронтлајн.
Tags: во едноЈане Ѓорѓиоски
Next Post
Angel Angelovski photo

Костова: Градовите се под опсада на градежната мафија, која е во изразена присност со челници на ДПМНЕ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk