Од новата американска администрација предводена од Доналд Трамп се очекуваат големи промени, како број еден, исврлувањето на имигрантите, 11 милиони, второ, проблемот околу враќањето на Панамскиот канал, дека си го зема тоа што го изградиле и го дале на поклон. Тоа малку асоциира на политиката на Путин кој не се согласува со тоа што Хрушчов го дал Крим на Украина и самиот си го зема од 2014 година. Вториот сегмент кој е многу битен е фактот што ќе дојде до големи промени на еколошки, на енергетски, климатски, здравство и така натаму, вели за Фронтлајн, Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, анализирајќи ги најавените политички одлуки на Трамп.
– Во однос на проблемите кои се однесуваат на Европската унија, на Европа, тој ќе ги зголеми како што знаеме даноците за 10% за увоз од Европска унија и за до 65% за увоз од Кина. Тука може ќе да бидеме консервирани и ние, бидејќи и Македонија произведува дел од тие извозни елементи, особено во автомобилската индустрија. Во доменот на екологијата и заштитата на човековите права, знаеме дека Трамп ќе се повлече од Парискиот договор и дека тоа ќе значи голем низок удар за Европската унија и за сè што Унијата сакаше да направи на овој план, анализира тој.
Истовремено, додава тој, ќе го зголеми капацитетите на производство на енергенси во САД и нејзиниот извоз во ЕУ, но она што сите ќе го постават како прашање – дали ќе ја употреби енергијата како оружје, како што тоа го чинеше Путин.
– Во Европската унија си ставаат многу дилеми, дали ќе им се повтори тоа што стравуваат од Путин, сега тоа да биде од страна на САД. Исто така, ќе влијае и на зависноста на извозот на оружје, односно Европската унија со самиот чин што Америка најави дека нема намери да покрива туѓи сфери на одбрана. Тоа беше знак дека Европската унија ќе мора да прави свој автономен систем на одбрана. Иако денес знаеме дека Европската унија е најголем увозник на оружје од Америка. Европската унија од една страна увезува оружја, а од друга страна нејзиниот пазар е многу битен за Трамп, анализира нашиот соговорник.
Втората работа, според него, е прашањето на едно „тело“ зависност, односно знаеме дека Европската унија и САД во времето на Бајден потпишуваат договор и создаваат едно тело за технолошка соработка кое што Трамп ќе го распушти.
И третиот елемент кој што е многу битен, вели Ружин, тоа се економските бариери, односно дали Трамп ќе прави ревизија на слободната економија и така натаму.
– Сите овие елементи се многу битни, секако да не заборавиме и прашањето на Украина која што е значен геополитички фактор, Трамп најави дека ќе доведе до смирување на ситуацијата за 24 часа, но неговиот генерал Крилон кој што е негов личен претставник, сепак смета дека ќе биде потребно време и има дилеми до каде ќе се и што ќе се направи со Украина, дали ќе и се укине можноста за да стане членка на НАТО, демилитаризација и така натаму, анализира професорот.
Можеме од Трамп да очекуваме нешто што не сме го очекувале
Нашиот соговорник нагласи дека сите овие параметри се многу битни, ќе доведат до големи промени во светските меѓународни економски и политички односи, во геополитички односи и ова е само дел од тоа што Трамп наведе како промени.
– Што се однесува до Македонија, ние сме мала држава, ние сме мал залак за САД, и покрај желбите и сите што сакаме и владата, па и опозицијата – Македонија да биде поддржана од САД, не може да се надеваме на некои големи бенефити, освен она дека може да се зголеми обврската за плаќање за безбедноста, односно обврската за исплаќање на буџетот на НАТО Алијансата. Евентуално одредени можеби економски параметри кои засега не можеме да ги утврдиме, сега е рано. Можеме од Трамп да очекуваме нешто што не сме го очекувале, наведува професорот Ружин.
„Тој е таков човек кој тргна многу силно со сите амбиции, реформи, да ја врати Америка прва, Америка да ја враќа повторно, да стане енергетска сила, така што мислам дека влегуваме во една нова епоха која ќе биде одбележена со монополот на САД на економски, политички, технолошки и геополитички план. Како ќе биде сето тоа, каоко ќе се одрази на Македонија, тоа е прашање на идните потези“.
Денот на неговата инаугурација, 20 јануари 2025 година, новиот американски претседател Доналд Трамп го нарече „ден на ослободување“. Првите извршни наредби на Трамп се прогласување на вонредна состојба на јужната граница со Мексико и зголемување на американското производство на енергенси.
Дестан Јонузи