ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Калас: На ЕУ и се потребни 27 армии способни ако треба и сами да ја бранат Европа

January 22, 2025 13:59
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На ЕУ не и треба единствена европска армија, туку 27 европски армии кои се способни и можат ефикасно да работат заедно за да ги одвратат ривалите и да ја бранат Европа, по можност со нашите сојузници и партнери, но доколку е потребно и сами, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во обраќањето на Годишната конференција на Европската безбедносна агенција во Брисел.

Според Калас, Европската Унија мора да ги зголеми трошоците за одбраната за да се „подготви за најлошото“ и да може да се брани самата од воинствената Русија, ако тоа биде потребно.

– (Американскиот) претседател (Доналд) Трамп е во право кога вели дека не трошиме доволно. Време е да инвестираме, рече Калас.

Нагласувајќи дека за три месеци Русија може да произведе повеќе оружје и муниција отколку сите 27 земји членки на ЕУ заедно за 12 месеци, Калас истакна дека се потребни инвестиции за одбраната како од земјите членки и од приватниот сектор во блокот, така и од заедничкиот европски буџет.

– Мора да потрошиме повеќе од еден отсто, нагласи Калас, алудирајќи на трошоците на ЕУ за одбраната.

Шефицата на европската дипломатија истакна дека одбранбената индустрија е високо интензивна и бара пари, луѓе и време. – Имаме пари и луѓе, но немаме време. Украина само ни купува време, смета Калас.

Таа потсети и на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте дадена минатиот месец дека европските земји треба би требало да ги намали издвојувањата за пензии, здравство и социјална заштита за да обезбеди средства за трошоците за одбрана и да гарантира долгорочна безбедност во Европа.

– Пораката на ЕУ до САД е јасна. Мораме да направиме повеќе за нашата сопствена одбрана и да преземеме правичен дел од одговорноста за безбедноста на Европа, заклучи Калас, додавајќи дека САД мора да останат „најсилниот сојузник на Европа“.

Според неа, ЕУ треба да склучи нов договор за одбрана со Велика Британија како „клучен партнер“ во соочувањето со заканата од Русија.

– Потребен ни е взаемно корисен однос за безбедноста и одбраната. Нов договор е следниот логичен чекор за тоа, додаде Калас во обраќањето на собирот.

На конференцијата говореше и европски комесар за одбрана и Вселена, Андриус Кубилиус, кој нагласи дека со колективен пристап во одбраната може да заголеми подготвеноста на Европа за справување со воени, но и со хибридни закани.

– Не можеме повеќе да си дозволиме фрагментиран пристап. Потребен ни е вистински пристап за да го зголемиме производството и набавката во одбраната, изјави Кубилиус.

Тој ја истакна и потребата од интероперабилни одбранбени системи, заеднички набавки од одбранбената индустрија и од повеќе проекти од заеднички европски интерес.

Next Post
Ерол Ризаов

„Изгубени германци“ во Вашингтон

Shortcut

Најново

Биволот наречен „Доналд Трамп“ спасен од жртвување за Курбан Бајрам по виралната слава во Бангладеш

May 28, 2026

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026
Generated by pixel @ 2026-05-

Пад на акциите на Ферари по промоцијата на првиот целосно електричен автомобил „Luce“

May 28, 2026
Фото: Влада

СДСМ: Прославата на независноста не смее да биде параван за приватизација на културата

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk