ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Приштина се отвора Музејот на децата на војната; Почина украинската новинарка Олга Приадко во Косово; Албанците од дијаспората за прв пат гласаат на изборите во Албанија

January 22, 2025 16:57
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Preкaz - Фејсбук профил

Фото: Preкaz - Фејсбук профил

Share on FacebookShare on Twitter

Во Приштина денеска ќе биде отворен Музејот на Децата на војната. Иницијативата е посветена на зачувување на спомените од детството за време на војната во Косово и да се осигура дека личните искуства од војната не се забораваат јавуваат косовските медиуми.

Во Албанија, гласачите кои живеат во странство, годинава првпат имаат можност да учествуваат со гласање на парламентарните избори на 11 мај, пренесуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РТК: Денеска се отвора Музејот на децата на војната

Во Приштина денеска ќе биде отворен Музејот на Децата на војната. Иницијативата е посветена на зачувување на спомените од детството за време на војната во Косово и да се осигура дека личните искуства од војната не се забораваат.

Музејот ќе биде отворен со почеток во 18:00 часот во канцелариите на ЈИЧП-КС, а ќе содржи лични предмети, видео докази и курирани експонати, кои според најавата ги истакнуваат искуствата на децата за време на последната војна во Косово.

Овој музеј ќе служи како место за потсетник, што ќе ја поттикне критичката љубопитност, емпатија и желбата за слобода, правда и помирување, пренесе РТК.

Газета Експрес:  Во Приштина почина украинската новинарка Олга Приадко

Здружението на новинари на Косово соопшти дека денеска во Приштина починала новинарката од Украина Олга Приадко.

Приадко повеќе од две години живее со синот во Приштина, а нејзиниот престој во Косово го овозможи програмата „Новинари во резиденција – Косово“, пренесува Газета Експрес.

Телеграфи: 27 години од вториот напад врз семејството Јашари

Денеска се навршуваат 27 години од вториот напад на Србија врз семејството на легендарниот командант Адем Јашари во Преказ.

На 22 јануари 1998 година, во раните утрински часови, од Фабриката за ловна муниција, на околу 500 метри од куќите на населбата Јашари, српските полициски сили се движеле кон кулата Јашари, за да ја нападнат со различен тип оружје, пренесе Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Коха јоне: Гласови од дијаспората – ЦИК: Бројот на пријавени достигна 50.399, одобрени се 24.052 барања

Албанските гласачи кои живеат во странство, годинава првпат имаат можност да учествуваат со гласање на парламентарните избори на 11 мај.

Процесот за пријавување во Електронската платформа за гласање започна веќе неколку дена и ќе трае до 4 март.

Според официјалните бројки на Централната изборна комисија, бројот на запишани странски гласачи достигна 50.399, а до денеска (18.30 часот) се одобрени 24.052 барања. Според полот, најголем процент на пријавени се мажи со 32.270 (64,0%) барања, додека жени се 18.129 (36,0%), пренесе Коха јоне.

ВОА: Во заедничка акција на Албанија и Италија сузбиена  група со шверц на кокаин од Јужна Америка

Заедничката истрага на обвинителството во Бреша во Италија и албанското специјално обвинителство доведе до сузбивање на група која се занимавала со шверц на кокаин од Јужна Америка во Италија и други земји од Централна Европа. Акцијата за извршување на 12 потерници и 8 други безбедносни мерки ја спроведе во вторникот полицијата на двете земји. Во Албанија се уапсени 5 лица, додека за уште едно е прогласена потрага, пренесе Глас на Америка на албански јазик.

КОЛУМНА

Коха: Рубио, првиот секретар на новиот поредок

„Американскиот државен секретар ќе има двоен предизвик да го објасни унапредувањето на американските интереси во надворешната политика и да разбере каква е таа надворешна политика во очите на претседателот. Ова му се случува на секој државен секретар, но овој комплициран дел од историјата и неконвенционален претседател на чело на државата,му се падна на овој државен секретар.“, пишува косовскиот Автор Ветон Сурои, во колумната „Рубио, првиот секретар на новиот поредок“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

Израел ја задржува контролата на преминот Рафа, меѓу Газа и Египет

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk