Српскиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека просечната плата во Србија за ноември изнесувала 100.738 динари (861 евро) и првпат надмина 100.000 динари.
– Првпат просечната плата во Србија надминува 100.000 динари, што е околу 861 евро. Рековме дека во декември годинава ќе имаме просечна плата во Србија меѓу 910 и 920 евра и тоа ќе го постигнеме. Значи целосно сме во динамика во декември годинава, како што ветивме, просечната плата во Србија да биде над 1.000 евра, изјави Мали на ТВ Пинк.
Тој потсети дека од 1 јануари платите во јавниот сектор се зголемени за осум отсто, дека од 1 декември лани пензиите се зголемени за 10,9 отсто, а од 1 јануари минималната плата е зголемена за 13,7 отсто.